Без наслов

Шетам по улица, и гледам некој касап си го паркирал пик апот, а на него нацртано свинче кое весело си игра со сатор. Хе, хе, хе, си се смеам, да знае тоа што го чека од саторот, како ќе го колиме за празник…
Малку потаму, гледам во трафика се продава играчка калашников, и слика на едно дете како насмеано си игра со него. Ми помина смеата… и ми текна оваа цртичка да ја споделам со сите кои се таму некаде.