ЗЕМЈА

Таму некаде напред,

Во сеуште недосонуваните денови,

Лежи неиспитаната земја

На нашите надежи…

Испукана и сува,

Следена од

Црните сенки

На облаците на очајот

И огреана од сонцето на

Моменталната среќа.

И чудно,

Колку и да живееме,

Таа земја и тие денови

Се еднакво далечни.

Advertisements