МОМЕНТОТ КОГА ЗАПРЕ СЕ

Во моментот кога запре се

и кога немаше никакви прашања,

беше јасно се,

а тогаш и времето застана.

Напред не носеше надежта,

Не беше веќе потребна,

Предупредуваше очајот,

и него го снема.

Од празнината и молкот

меѓу нас

сокриен од секого, засекогаш,

се роди нов свет.

Потоа се се раздвижи,

и се беше по старо,

и беше сосема во ред.

Проекции

Најпрво малку вовед:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90672

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=74C64189C6D2F043B7DF1C1BD1652013

Значи, се гради новиот светски поредок, и слушам дека САД детектира дека Грција и понатаму продолжува да си ги применува познатите негаторски методи кон Македонците кои живеат во Грција. Детектира, но не коригира. Ништо ново. Значи, се продолжува политиката и се користи истиот пакет закони донесен во 80 – тите години од минатиот век според кој може да ти одбијат влез, да ти одземат државјанство ако се кажеш дека си Македонец. Но, сега со малку променет контекст.

Имено, Грција поучена од платени а и свои спин доктори, политиката на негирање на Македонците ја преобрази во напад и преземање на иницијатива. Нападот е најдобра одбрана, нели… Како? Сега Македонци постојат, но тоа се Грци кои живеат во провинцијата Македонија која е во состав на Грција. Во пакет со тоа оди преименување на се живо и диво во провинцијата со префикс или суфикс Македонско. И оди сега ти објасни му на било кој странец кои се Македонците. Грците увидоа дека во модерниве времиња не пали само чисто етничко чистење, туку се фрлија во создавање на завеси од лаги, интриги и ескиважи, заедно со своите партнери од времето на балканските војни. Морам да им честитам, навистина професионално изведено.

Јас сум само природонаучник кој потекнува од окупираната Егејска Македонија, дел од Македонија во кој живеат Македонци од кога постои било каков материјален доказ. Македонци кои се тероризирани и избркани од своите домови, а сега се на пат и целосно да исчезнат и да бидат заменети со нови, подобни Македонци. Не можам а да не се запрашам што прават нашите водачи ?! Жртви сме на најкласичен обид за дефокусирање. Сите мислат дека преговатаат за името и за влез во ЕУ, НАТО а не гледаат дека се продолжува проектот за бришење на еден народ кој трае со децении. ЕУ и НАТО се минливи. Што прават нашите историчари, политиколози, правници, активисти… Зар јас кој се занимавам со сосем други проблеми треба да пишувам вакви текстови? Ако јас на своето работно место покажев вакво длабоко незнаење како нашиве драги професори, ќе бев веднаш избркан да си го барам чарето.

Ајде да погледнеме од друг агол. Ете. ќе влеземе во ЕУ и НАТО. И се ќе биде супер, еве 100 години. За тоа време, додека границите се формалност, мислите дека нашите комшии со солзи во очите ќе дојдат да ни понудат маслиново гранче и да побараат прошка? Не, јас мислам дека многу поверојатно е дека економски ќе се инсталираат длабоко во Македонија. Да не заборавиме и тоа дека Грција на пример има најсилна војска на балканот во која сеуште важи задолжителна воена обврска. Ако после тие 100 години мир САД, ЕУ покажат нестабилност, ако било што се случи, не е незамисливо соседите под изговор дека ги штитат своите компании и бизнис интереси, да инсталираат свои воени контингенти… На пример, албанците да ги штитат Тетово и Гостивар, Струга, Бугарија до Вардар, Грција околу Преспа, Србија Кумановско… Ви се чини неверојатно? Многу далеку? Верувајте ми дека не е многу далеку, затоа што постојат групи на луѓе кои си ги кројат своите планови. Посебно ако дотогаш Македонците продолжат по истиот пат на апатија и меѓусебни кавги како досега.

Можеби грешам, и нашиве политичари се подготвени за се ова, дајбоже… Но, што треба да направиме ние, денес во оваа апатична атмосфера која што гледам дека владее во Македонија? Да се запалиме пред собрание? Еве, викаме до промуклост и никој не слуша. Аман, Исус, Буда, ениуан…. Хелсиншки…

Политиката е уметност на интрига и лаги. Едно збораш дома, друго надвор, трето правиш. Додека однадвор се занимаваат со човекови права, во заднина комшивчињата си работат. Човекови права не постојат. Сеуште постои само правото на силата. Човековите права се само измислица која им се кажува на недоволно разбудените. Тие се утешување како кога мајката му вели на детето дека чудовишта не постојат. Но, тие постојат. Маткајте се со човековите права за надвор и за пред свет, но ве молам, преземете нешто и надвор од очите на јавноста кое што ќе го заштити македонскиот народ.

Тито и македонските патриоти, сакајќи или не, ви овозможија 50 години релативен мир во кој Македонците требаше да се освестат од долгото ропство и обесправеност, да се консолидираат и да почнат борба за издигнување. Тврдам дека грците и сите други генетски се уплашени од она што го стори Аце, иако е дискутабилно колку ДНК делиме со него. Не е битно, тие имаат јасна агенда за елиминација. Ние ги потрошивме дадените 50 години за џабе. Подлизурковци во Белград, луѓе со заматени умови по девалвираните кредити, сигурна работа, секс два пати неделата. Сега дојде моментот кога пак треба да се бориме или пак да одиме во хибернација.

Можни патокази за акција. Зошто да не го копираме грчкиот модел? Донесување на закон дека оној што е антидржавен елемент, треба да си го даде назад државјанството и потоа да се протера? Веднаш ќе стане јасно кои жители на северозападна Вардарска Македонија се лојални граѓани. Не се бунете, погоре утврдивме дека човековите права се прикаски за деца. Зошто да не започнеме активна контра кампања? Прекин на преговорите (хахаха…) за името со Грција, и барање до нив да ги почитуваат малцинските права на Македонците во Егејска Македонија. Обвинување дека тие се оние кои имаат земено дел од Македонската етничка територија, и обвинување дека се тие оние кои крадат и прекројуваат историја. Плус, ние имаме и доволно ДОКАЗИ за овие тврдења, настрана тоа што се чиста вистина 🙂

Можеме после да дебатираме дали текстов е националистички, или поголем дел од македонците едноставно се премногу уморни за да работат на проект наречен создавање на држава која ќе биде почитуван член на друштвото на државите. Видете, ако сте во лошо друштво, или излезете и не се дружете, или прифатете ги правилата на игра. Трето нема.

Ајде господа држачи на функции од општествени науки. Ете, можете да се покажете. Ви оставам слободен простор подолу, и ви ги префрлам авторските права за напишаново.