Ѕвезди за ѕвездите

Налетав на веста дека обожаватели на Тоше од странство му купиле ѕвезда и донесле во Крушево телескоп за таа ѕвезда да се гледа. Како астроном, мило ми е кога се носат инструменти по било која основа. Само, има работи кои не боцкаат како прашина кога ќе влезе в око.

Ако се вдоми телескопот како што се планира во мала куќичка, во историјата ќе влезе дека првата (мала и аматерска но сеедно) опсерваторија во Македонија не ја направи ентузијаст аматер, не ја направи ПМФ или државата, ниту некое астрономско друштво, туку ја направи група на обожаватели на Тоше, во сеопштиот медиски циркус кој следеше после неговата трагична смрт. Зошто не се направи опсерваторија од страна на друштво или аматери е посебна приказна, но дел од причините се поврзани и со безбедноста на опремата која во случајов ќе биде во круг на црквата(!) па и чуварската служба ќе е заедничка. Прекрасно.

Ете, може опсерваторија и православен храм да стојат едно до едно. Проблем е што храмот ќе е осветлен (концерт за тоа имаше вчера). Па и 33 метарски крст ќе се градело до него (осветлен). Телескопот не ја сака многу светлината кога треба да се гледа ѕвездата на Тоше, посебно кога таа е повеќе пати послаба од најслабите кои се гледаат со голо око. Не сум сигурен дека овој телескоп може да ја забележи.

Организацијата која продава ѕвезди не е легитимна воопшто, парите се отидени „во ветер“, ама ако, не смета. Ѕвездата била во соѕвездието Пегаз, кое не се гледа преку целата година. Барем да прашаа некој и да купеа повидлива ѕвезда…

Идеата е оригинална, признавам, но се прашувам дали не можеа да смислат нешто друго? Има ли некој кој решава што се може да се направи во чест на Тоше? Се е дозволено?

А што ако Тоше имаше сон наместо црква, во Крушево да се изгради фабрика за микрочипови? Дали тогаш сите ќе „запнеа“ со истиве сили? Зошто ниеден социолог / психолог / психијатар не се зафати со проучување на феноменот кој ја зафати Македонија и регионот? Боготворење, симнување ѕвезди, хистерија, величење по смртта а многу помалку во животот.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s