ЦРНИТЕ ДУПКИ ОД НАШИОТ КОЛЕКТИВЕН ИД

Си седам вака пред компов и се мислам како да го зафатам постов… Дали да се нервирам, дали да пцујам се и сешто, ама истовремено слушам Паркети, па некако не ми доаѓа да се нервирам, а и бесцелно би било. Па, само ќе си напишам што си имам на ум.

     Теми еден куп, но морам да го спомнам сево ова (колективна психоза, последица на необразованост) кое што настана по повод пуштањето во работа на чудесната машина за судирање во CERN. Додека бев во Македонија не постирав, а се надевав дека тоа ќе потрае и дека ќе се јавам со нешто попозитивно. Но, провокацијата беше преголема. Откако коментирав кај некои блогери, решив да си пуштам душа.

Значи, за влијанието на масовните медиуми врз колективната свест се има многу пишувано, но мојот прв допир со темата беше кога како релативно млад ја прочитав книгата “Летачките чинии – мит на 20 – тиот век”. Таму авторот многу убаво има забележано дека медиумите во лов по сензации ја пумпаат приказната, а потоа демантите на веста која не се остварила (ако веста е предвидување на катастрофа и ако воопшто има деманти) не се објавуваат или се објавуваат во термин или на место кое е помалку ударно од она на која била објавена првичната бомбастична вест. А пустиот народ, кој е толку исплашен во ова модерно време, само тоне во бездната на стравот. На А1 им испратив помалку лут коментар во кој им реков да објават разумно објаснување за ризикот од експериментот и да престанат да шират паника и непроверени вести кога ни самите не знаат што пишуваат. Коментарот не беше објавен. Во време на демократија, замислете

Какви се не коментари не се изначитав деновиве… Не велам дека и тука во Холандија нема лековерни луѓе, но ова ја надмина секоја мера. Од отворен страв, до голи напади кон научниците (тие се криви за се, има да ги нема – пишува некој на тој ист компјутер кој науката му го подарила, потоа си отвара ладно пивце од фрижидер кој науката го остварила, потоа ја дупи жена си која е на апче која таа ѓаволска наука го донела на Земјата). Во такви моменти, не е добро, признавам, но посакувам LHC навистина да ги исполни црните прогнози, затоа што не знам до каде ќе стигнеме со таква дефектна ДНК.

10 години го следев развојот на овој експеримент. На факултетов ги прашувам професорите што мислат за оваа срамота што се случува, и тие признаваат дека се чудат. Ете, колегите пак не сториле доволно во објаснувањето на тоа со што точно се занимаваат. Во ред, држи вода и тоа, но сепак мислам дека деновиве луѓето не сакаат ниту да слушаат. Сите се сеќавате како кога бевте помали другарчињата на училиште се однесуваа кон децата кои сакаа физика или математика? Е па, драги мои, денес тие деца пораснале и го држат светот во своите раце, а вие се тресете од страв. Цела среќа што не се осветољубиви…

И во целиот овој циркус доаѓаме до прашањето што прави државата Македонија по повод елементарното научно описменување на своите граѓани. Па, се направи многу. Откако се осакатија наставните планови и програми, се намали фондот на часови на природните науки, се споија сите во една во некои пониски одделенија, конечно се презема и последниот чекор кон целосно збунување на децата, а и на возрасните изгледа. Се воведува веронаука и историја на религии. Уште веднаш се појавија вести дека овие изборни предмети се наметнуваат скоро како задолжителни, и дека притоа во некои случаи историја на религиите се истиснува од другиот предмет, при што учениците немаат вистински избор. Затоа, некои корисници на интернетот (измислен делумно и во CERN) коментираа: така ни било пишано, само Алах знае кога ќе биде крај на светот, научниците се слуги на Ѓаволот, не е наше да ги откриваме тајните на универзумот, само Бог нив ги знае… Убавини; веќе си замислувам каква ќе биде Македонија кога овие генерации ќе пораснат и ќе бидат родители. Изгледа дека идните Македонци ќе бидат уредно глобалистички униформирани, убави и глупави.

Нема да ви објаснувам ништо за експериментот, мрежата е голема, ќе најдете се што треба.. Само ве молам, читајте од изворот. Ќе дадам само еден линк до скратена верзија на документот кој се занимава со анализа на ризикот (не постојат целосно безбедни работи, опасноста е дел од истражувањето).

     Татко, прости им, не знаат што прават – рекол еден човек одамна, а изгледа дека сеуште е во право…

suicideb950f.jpg

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s