ЦРКВА НА ПЛОШТАД

На следнава слика е црквата на Петар (Pieterskerk) во Лајден. Изградена е на сред плоштад.

 Pieterskerkpg.jpg

     Она што треба да се знае е дека изградена е во 13 век, и тогаш црквата имала многу поинаква улога во општеството од денес. Тогаш, се изградила прво таа, а после градот околу неа. Плоштадот е простор кој постои околу црквата за да може луѓето да пристапат и масовно да се соберат. Постојат гравури на кои точно се гледа како се развивала црквата и просторот околу неа. Се разбира, тука има цркви на секое ќоше, ама црквите на плоштади се обично стари со тешка историја позади себе.

     Ова не го зборувам за да најдам причина против градењето на актуелната црква на плоштадот во Скопје, туку како обид да фрлам светлина, какао обид да се гледа на „проблемот“ од поинаков агол.

     Во Македонија од подемот на христијанството немало цркви на плоштад. Можеби имало преправени градби во старите населби, или градби во населби кои не личеле многу на сегашните градови. Потоа дошле Турците и ако имало некоја таква градба ја урнисале или пренамениле во џамија, и изградиле џамии, е овојпат на плоштадите. Битола бил град познат по манастири кои сега во најголем број ги нема. Па, градовите се развивале, и менувале, добивајќи го најпосле обликот на „модерни“ градови. Патем, Pieterskerk е градена некаде во времето кога Македонија е освоена од Османлиите колку за споредба. Тогаш градовите како Лајден биле на патот на прогресот кој после ќе го запечатат со богатствата донесени од колониите. Македонија е поинаква. Македонија била колонија, а и сеуште е поради македонскиот менталитет.

     Сакам да кажам дека автентичните македонски цркви се оние каде народот побегнал, оние кои останале, по далечните села, во карпите, оние кои имаат душа. Тие би требало да се реставрираат ако веќе сте во тој филм влезени. Може и да се градат нови, но не на плоштад, не сега. Ако не сте забележале, новата религија е капиталот, а неговите цркви се на сите плоштади во светот. Далеку е од добра таа нова вера, но сите гарнитури досега во Македонија ја величеа. Вистинската вера е неспоива со капиталот. Па, како за главен град, одлучете. Сакате вера, или капитализам. Колку што се сеќавам, Исус се изјасни пред храмот кога ги турна тезгите на лихварите. Во Скопје новата црква ќе се дружи со Комерцијална банка и телеком…

За оние чии што аргумент е дека црквата помогнала во зачувувањето на духот на народот тоа е несомнено, но има една фина опсервација која не се споменува, а тоа е дека црквата не ни допринела за негово ослободување. Црквата во Македонија секогаш чекала што ќе изродат настаните, па потоа аминувала. Не знам дали е тоа добро или лошо.

     Македонија, а ајде ако сакате и верата не се брани со ад хок градење на црква, туку со теренска работа. Зошто избеганите од Арачиново не се вратени? Ако Македонците кои бегаат од селата од запад се соберат околу црква на плоштад, кое е фајдето од тоа? Ако Македонците земат масовно Бугарски пасоши кое е фајдето? Ако Македонците очи си извадат пради ЦРКВАТА, пак ќе останат слепи и нечија колонија. Од калето ве гледа императорот и во својата бетонска градба си ги кова плановите.

     На крај, да го поставам стандардниот disclaimer. Не сум член на ниедна политичка партија, не сум верник ниту неверник, научник сум, и како што кажав во претходен пост, сакам да се градат опсерватории наместо крстови.  Да се инвестира во наука наместо во кампањи.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s