Ха

Ха, чудни патишта на резонирање може да се сретнат кај верниците на блогерјов па и настрана од него. Не се сомневам дека се искрени во својата вера, но зарем… понекогаш не застануваат и не се запрашуваат што прават? Вистинската движечка сила на вселената е надвор од нашето поимање сеуште, и таа не е мета на копирајт, не познава поделби, единствена е. Уште повеќе, не и треба реклама.  Во моментот кога ќе започнеш да зборуваш за неа, да ја облекуваш во зборови и претстави, да ја омеѓуваш, таа не е тоа, а ти претендираш дека ја познаваш, па затоа зборуваш… Грешка. Разните системи на мислење и институции се ништо повеќе од тоа – системи и институции. А верниците, како не гледаат дека тоа е толку антропоморфизирано и патерналистички, тоа што тие го поставиле на пиедестал и го бранат. Мене ми се чини дека е просто и најпросто едно бегање од одговорноста, една потреба авторитетот од повисоко да дојде и да ги среди работите. Пророците, оние кои добиле вистинси увид не се рекламираат, и најчесто се прогонувани од следбениците кои бараат доказ кои првиве не се во состојба да го дадат. Нема ништо натприродно, туку откако ќе се сфати големата тајна таа не може да му се открие никому со зборови. А многу лесно се создаваат институци кои само управуваат со моќта и подјармуваат. И затоа не сме слободни и нема и да бидеме. Вистинскиот Исус (ако некогаш постоел) посличен е верувам на оној лик од книгата на Казанѕакис – „Последното искушение на Христос“…

     Отфрлете Христијанство, Будизам, Хинду, Муслиманство, Шаманство, отфрлете се…. и погледнете нагоре во ѕвезденото небо.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s