СПОСОБНОСТ ЗА ПРОМЕНА

По цел ден поминат на работа (факултет, хоби…) каде се занимавам со небесните сфери, на блогерјот ја наоѓам дозата на приземност. Поттикнат од неодамнешниот пост на Ламбдафејж, како и после изгледаното продолжение на светоглед, постов ферментираше некое време во виугите на мојов мозок, а раѓањето го испровоцираа милијардата постови поврзани со глобалнава криза.

     Имено, горе – долу е јасно дека овој систем на пред се економско, а потоа и политичко уредување не само што е далеку од добар, туку на пат е и да го осакати човештвото а можеби и планетава која ја делиме со цела биосфера. Ако ова е точно, која би можела да биде алтернативата? Во тоа филмчето се споменува една од можните алтернативи која многумина ја нападнаа како утопистичка и неприменлива во практиката.

     Јас, во манир на аналитичен научник, си велам, мора да има начин да ја тестирам хипотезата за ригидноста на луѓето кон промени. Па, се зафатив да барам примери на промени. Значи, си реков дека за да видиме како луѓето реагираат на промени кон подобро, ни треба нешто кое им било нудено на луѓето низ подолг временски период, кое е во основа добро и да видиме како го прифатиле. Само, каде да најдеме такво нешто? А, нели би можела религијата да е пример за тоа? Сите религии?

     Ако земеме да анализираме, се доаѓа до заклучок кој не е баш поволен по мое мислење.  Во својата основа, сите религии се залагаат за подобрување на состојбата на човекот. Но, и покрај тоа, за да ја победат човековата инертност, мора да се повикуваат на казната како императив, и на сеприсутен и семоќен авторитет кој казнува. Но, изненадувачки или не, и покрај сите тие механизми, не успеале во својата мисија. Се исподелиле на фракции, прераснале во институции кои пак се искорумпирале или се поврзале со политиката така станувајќи дел од проблемот наместо решение.

     Наспроти тоа, промената која се бара ако се сака да се најде решение на современиве проблеми, треба да потекне од човекот, да биде водена од целото општество, и не смее да се извитопери или да се застрани од патот кој го наметнува. Не смее затоа што влогот не е некое апстрактно подобруваење на моралот, туку може да биде опстанокот на цела планета. Значи, тука нема да има место за профитирање, за ловење во матно и така натаму. Дали сме ние како цивилизација спремни да го понесеме тој товар и да го оствариме ова? Преку споредбата со религиските системи кои стигнале најблиску во долготрајност и опфат низ сите слоеви на луѓе и средини, гледам дека не сме. А кога не можеле тие, тие кои како институции и шеми на мислење се одржале со милениуми, тие кои казнувале и духовно и физички, како ќе може преродбата да ја спроведе движење кое би било спонтано, хумано, од и за луѓето? Не знам. Само знам дека би можеле да започнеме со придржување на работите кои се навистина битни во животот, започнувајќи од…

                 manatee2.jpg
Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s