СИНТЕЗА

Често расправаме по блогерајов за големи теми, а една од нив е и постоењето или не на Бог. Многу поделби се случија а за мене е барем просто прашање. Да образложам.

Еве, да претпоставиме дека Бог не постои. Атеистите тогаш би биле во право, а верниците не. Но, бидејќи нема начин да се докаже или не постоењето, самиот факт да или не не менува ништо. И самиот доказ би го прифатиле само оние кои рассудуваат со логика и докази, а не и верниците кои расссудуваат по пат на вера. Верата не прифаќа доказ, и обратно. Сетете се на познатата реплика во филмот Контакт: -“Дали го сакаше татко ти?” -“Да.” -“Докажи ми…” И, што значи ова ?

Поентата до која сакам да ја дојдам е следнава: И ако е самиот факт неиспитлив, сепак тоа не би требало да има прeголемо значење. Зошто. Атеистот ќе претпоставам дека е добро образован човек. Никого не мрази, не прави лошо, ја почитува природата, него не му треба закон за да го направи човек. Од друга страна, во светот имате навистина цели региони со необразован свет, свет на кој му требаат библиските правила. Ако тој човек нема правила кои велат не убивај, не посакувај туѓо, тој ќе подлегне и ќе посака. Во суштина и посакува, а привидот на организирано општество е само поради заканата и казната. И самиот збор грев асоцира на имплицитна казна и казнувач. А кој е подобар казнувач отколку омнипотентен бог.

Велам дека религијата е и потребна во тие средини. Оттука, ако се сфати ова, нема зошто да има антагонизам помеѓу верниците и атеистите. Треба само да има почит и разбирање.

Една забелешка која може да се упати на ваквото резонирање е како ќе го класифицираме она вистинското духовно искуство, или просветлувањето. Па јас би рекол дека тоа не е ништо друго туку моментот кога човек станува свесен за сите овие работи, придружено со некој коктел на невротрансмитери. Но, пак ќе речам, не е ни толку важно тоа. Важно е да се разбере дека некој има потреба од вера и правила како помош, некој нема баш и толку. Концептот за Бог не би требало да ги разделува толку тие две групи на луѓе, освен ако и кај едните и кај другите не проработило егото до таа мера што имаат потреба некому нешто са докажат.

Во тој контекст, интересни се проблемите кои се случуваат меѓу различните религии. Јас сум убеден дека вистинските свети луѓе од било која религија се сите всушност исти. Борбата помеѓу религиозните институции всушност ја водат војници кои се далеку од свет(л)оста. А зборот институции веќе доволно кажува дека тие се само тоа. Исто како банка или некоја фабрика. Суштината бега и не е во нив.

Затоа, ако сакаме да се издигнеме или да направиме подобар свет, единствен излез е во образованието. По доволен број години чекорење во вистинската насока по тој пат, институциите и антагонизмите ќе отпаднат како непотребни. Фактот што тие се задржале илјадници години зборува дека човекот тешко учи, а можеби и назадува во процесот на образование. Пред се мислам на духовно образование, не религиозно образование

Ете, за мене на пример е несфатливо како и покрај толку очигледни недстатоци и глупости кои се случуваат ние и понатаму избираме да сме робови и на овој систем и на некои закржлавени догми. Повеќе за тоа во Zeitgeist – addendum. Но, веднаш се сеќавам што сум напишал погоре, и одговорот е очигледен. Сеуште сме глупави.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s