СЕ К’ТИ НОЌТА ЦРНА…

„… Силен блесок ги осветли луѓето. Пред собрание вриеше како во кошница, молотови летаат на сите страни, мали групи на студенти и поддржувачи бегаа пред специјалната полиција но нивните колеги се прегрупираа и напаѓаа од кај градска, во грб на едниот кордон. Можеби ќе влезат и во собрание. Градот е блокиран, веќе трет ден штрајкуваат сите јавни претпријатија. Граѓаните се солидаризираа со студентите. Пред владата сеуште има присуство на воени возила. Приватните компании се изненадени од тоа дека работниците не доаѓаат на работа. Не е важно кој на која партија припаѓа, дали некој е Македонец или Албанец, сите се едно и на сите им е преку кур од елитите…“

     Наместо да слушам вакви вести од Скопје, слични од Битола или Велес, Струмица, или најдобро отсекаде, јас слушам дека тоа се случува во Атина, Солун… Браво за грчките другари, браво за нивната младост и храброст. Уа за македонскиот студент, тоа безидејно гомце, таа мивка од академски граѓанин. Уа и за македонските елити, уа за Штерјо Накуров, уа за Бранко, Љупчо, Грујо, Лиле, Ѕинго, Петре, Трајко, Курле… сите се исти како и да ги завртиш. Како и не би биле, исто е насекаде во светот, затоа младите грци барем и даваат оддушка на фрустрацијата. Затоа што нема избор. Затоа што со камен и бензин што гори го кажуваат тоа што сите го знаат, дека „демократијата“ не постои, мртва е и никогаш и не постоела. Не постои затоа што не е демократија ако има избори, не е демократија кога медиумите кои се под власт на едикојаси компанија и тоа сите топтан ќе те остават да лаеш а не те еби никој 2 посто. Не е бато тоа демо – кратија. Грчките другари се делумно и анархисти, затоа што анархистот сфаќа дека се додека има хиерархиски систем на владеење, не е ни важно дали ќе имате демократија, монархија, робовладетелство. Се тоа се само имиња, ознаки. Суштината е дека некој гази преку лешеви за да дојде горе, а потоа цица. Хиерархии во држава, во компанија и било каде се неизмерно лоши. Но, експертутките веднаш се јавуваат и говорат дека анархијата е лоша, всушност тие се плашат, не знаат ни што е тоа, комотно е се додека се има систем, се додека тие може да категоризираат, да те обележат кој си и што си. Долу лицемери.

     Македонскиот студент немо гледа што се случува. Освен 20 борци кои организираа нешто пред грчката канцеларија за врски, собир за поддршка кон оние што крварат во Атина и другаде, немаше ништо помасовно. Македонскиот студент веднаш се пали за името (што е и донекаде разбирливо и оправдано), но никаде го нема кога треба да се извојува нешто на улица, кога треба да се запалат бараките во Стив, кога треба еден тон јајца да се фрлат врз државните институци, кога треба да се бранат идеалите на просветителството. Кога треба да се оцрни клерикализацијата на Македонското општество, или кога се заканува смалување на човековите права. Не, македонскиот студент нема да мрдне се додека од централата на сината или портокаловата партија не наредат акција најчесто за дискредитација на оној другиот… Македонскиот студент беше парфимизирана влошка, а сега и парфемот изветреа. Македонскиот студент не се бори ни на факултет, македонскиот студент е апсурд, беден изговор за мислечка сила. Ќе се истепа да земе ваучер, круцијално прашање е каде за нова, или како да се шитне место во Гоце… не е круцијално да се застане на улица и да се праша кој го градеше Гоце така како што го изгради, да се побара отчет што ништо не е сторено досега за да се подобрат условите за живот на студентите. Проблемите само се таложат. Македонскиот студент треба да гледа и подалеку. Тој би требало да скрши и некој прозорец ако се затвори некое студентско радио, или да се крене против штрајкбрекерите во образованието. Македонскиот студент не е сам кабает, кабает се и неговите високоценети професори кои не сакаат да си ги извалкаат лакираните чевли ако излезат заедно со своите „колеги“ на улица, не сакаат да бидат видени во таков контекст, затоа што некој утре ќе им се јави и тие ќе летаат од факултет. Да, тоа е можно затоа што и автономијата на универзитетот е само параван. Каде сте да се буните и против тоа? Во „душманска“ Грција рамо до рамо се учителите и оние кои учат. Учителите учат и со пример.

     Каде сте да прашате како функционира Наставно Научниот Совет, кои се вашите права, каде сте сите да се солидаризирате и ако треба и цела генерација да остане една година ако нешто се опструира? Ако се одложува, нема да стане подобро. Одложувавте 60 години, и ете до каде сте. Европа нема да ви помогне ако не си помогнете сами. Во Европа ги има истите елитистички структури. Европа се плаши од такви барања за ревизија. Вие драги студенти сакате газето да ви старее ко вино, ама ќе ви се скисели, нема да стане добро буке. Сакате работичка по можност сигурна, а кој го ебе оној до мене, и општеството. Вие немате идеали, вие се смеете на идеалистите, идеалистите ги славите само ако ви се фино спакувани во форма на книга, или кога дискутирате „уз пиќенце“… Барикадите смрдат, може и пендрек да се јаде, тоа не е за фините академски раце кои утре треба да го дркаат на шефот на работа, шефот на партија, шефот на институт.

     Ооо… па вие се мрштите, сакате да ме плукнете? Извинете ако ве навредив. Вашиот академски сензибилитет не може да поднесе една ваква работничка елоквенција. Или пак, пострашно, си мислите дека да бе… то е се точно, само јас не сум таков, тој до мене е. Е па, такви сте и вие и јас, и тој до вас.

     Грчките студенти се обидуваат. Додека читате тие се собираат, пишуваат SMS, се точи бензин за вечер… се корнат коцки од улици, се прави стратегија. Гугл мапс се користи и за друго освен да се најде кај е кој кафиќ. Знаат тие дека и таму исто е позиција и опозиција, знаат дека се обидуваат да ги инструментализираат. Ама, младоста ќе викне уште еднаш. Единствено што вас мааалку ве вади од говната мои македонски студенти е слабото оправдување дека тие имаат традиција во овие протести. Е па почнете и вие па направете ја таа традиција. Или, ве боли што гори Зара во Солун, боже мој каде на шопинг викендов ќе се оди… Додека така размислувате ќе бидете влошки… ненамирисани кои ќе ги носат локалните мажиња со комплекс на големина во светски рамки.

P.S. Самуил… лидеру… не те спомнав, намерно, ти си знаеш…

P. P. S. Текстов треба(ше) да се појави во единственото студентско списание во Македонија, ама помина грејс периодот, па го објавувам тука. Во меѓувреме, се случија протестите за некомерцијализација на образованието во Хрватска, цел месец беа окупирани некои факултети… Во Македонија, имаше протест на ентузијасти, мнозинството од студентите остана настрана, ректорот бриљираше со длабокоумни изјави, професорите кој од кој попаметни. Сагата продолжува…

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s