САМО ОНАКА

и пристигнуваат во inbox синџирести писма цело време, најновото денес е со фотографија на Богородица најверојатно како се моли а околу неа нејзината аура, и стандард… ако не препратиш, несреќа, а ако препратиш ќе ти се крева до 90 – ти роденден… нејсе… Па си мислам:

1. Дали Богородица кога се капела мижела, за да не се види гола, оти нели глетката е гревоинспирателна?

2. Дали навистина била девица кога родила? Баш ме интересира како ова на час по веронаука ќе се усклади со биолошките факти… ама ко ќе поразмислам, може. Може забременила со цевче а после царски рез… Во тоа време имале техника за in vitro?

3. Можи па Јосиф бил импотентен, можам да го разберам, имал жена премногу религиозна, стрес на работа… Па таа еден ден сакала дете, и отишла со некој патувачки трговец во блиската шумичка. Кога родила, Јосиф оти ја сакал премногу, за да не ја каменуваат, рекол вака ќе прајме… И оп, баш прикаската се погодила, оти на луѓето тогаш им требал спасител да ги извади од говната во кои сами се ставиле… Како и секогаш, нели.

4. Зошто Богородица е облечена како што се носат муслиманките денес? Талибанците полесно би се идентификувале со неа.

5. Ако сите жени решат да го следат патот на Богородица и да останат девици, дали тоа значи дека ангели ќе ги заменат мажите?

6. Ако пак црквата ги спречува жените да го следат патот на Богородица поради тоа што бебиња се потребни, нели ги осудува на грев? Значи тие се жртвуваат?

7. Ако пак мажите решат да одат по патот на Исус, што ќе прават жените?

8. Дали Богородица имала менструација? Ако да, а била цел живот девица, нели можел ангелот откако го родила Исус да ја награди со тоа што ќе ја ослободел од крварењето? Хормоните пак нека се произведувале оти се потребни на телото, само крајот да изостанел. Ако можел безгрешно зачнување да изведе, можел и тоа.

9. Дали ако Исус и целата свита ги претставиме на икона облечени во маици и фармерки, а Богородица во мини тоа ја намалува вредноста на нивната порака?

10. Зошто  кога на девојка ќе и речеш дека ако ти даде да ја фатиш за цице многу ќе ти помогне (допамин во мозок, подобар е од цигари) таа најчесто грубо ќе те одбие, а во книгата е запишано да се сака ближниот свој? Во исто време таа оди во црква и се кажува дека е апсолутен верник.

11. Како тоа некои луѓе тврдат дека можат да ја видат аурата на човекот? Да, постои слабо електромагнетно поле, но не зрачи во видливиот спектар… А ако гледаат со трето око, пак нема ништо од тоа физиолошки да може да се пронајде. Па и се лечи со енергија…

12. Зошто многу луѓе веруваат во Фенг Шуи, радиестезија, гледање на далеку, бајачки, а не веруваат дека човекот бил на Месечината?

13. Како тоа Коранот бил напишан директно од Алах? Ако напишал една  книга, зошто престанал? Каде се другите книги?

14. А зошто Алах не се осовремени? Барем еден лаптоп да си земе. Зошто не добиваме e-mail од него? Во attachment може да стави шо сака…

15. Најверојатно на Мухамед му диктирале накои учени луѓе, а патем и научил да пишува. Оти ако бил неписмен, не можел да напиши книга. Најверојатно го нашол Коранот фрлен некаде од некој мудрец кој тргнал по патот на Зенот. Па, решил да се прави паметен, и рекол дека книгата е дело на Бог. Тоа и би објаснило зошто немало други книги, оној писателот решил да си замолчи. Или, зел чупе од блиското село и конечно се просветлил.

16. Како тоа Кришна зборува најубаво, а сепак поддржува постоење на кастински систем во кој луѓето од некои касти се третирани полошо од животни?

17. Зошто и покрај тоа што сите религии во сите времиња пропагираат еднаквост, сепак постои класа на свештеници и толкувачи на писанија и сепак постои нееднаквост?

18. Ако религијата која допира до најголеми длабочини и всадува најдлабоки стравови не успеала да го исправи светот, што ќе успее да го поправи?

19. Мора ли секогаш да се работи по системот на награда и казна?

20. А што со ова?

 Не мора да одговарате на прашањава, ама навистина ме интригираат

P.S. Да го поставам уште еднаш прашањето на Барт од Симпсонови: „Дали киборг со човечки мозок после смртта оди во рајот?“

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s