Само Македонија да биде постмодерна

Ова е продолжение на претходниот пост, неизбежно продолжение, затоа што едноставно нема крај на бисерите кои може да се слушнат по Македонските медиуми. Директен повод е разговорот на А1 телевизија помеѓу „кремот“ на македонската интелигенција и албанските „аналитичари“. Од една страна, Албанците бараат конечна правда и слобода, од друга страна Македонците се чудат до кога.

Од трета страна, јас се чудам и се прашувам до кога со погрешно размислување се сака да се дојде до исправно решение. Како е возможно да Албанците бараат промена на закон за јазици, ослободување од имагинарна репресија а се со цел да се обединеле во своите етногеографски предели, а  во исто време се залагаат за граѓанско општество ?! Колкав експерт треба да е човек за да сфати дека:

а) Оваа ситуација во Македонија може да послужи како оправдување за Грција и Бугарија да не даваат никакви права на Македонците кои таму живеат, бидејќи Македонија ќе биде посочувана за пример што се случува кога „даваш права“.

б) Водејќи се според заклучокот од а) токму Македонската држава треба да покаже како во граѓанска држава се даваат права без да се загуби државноста но притоа без да се биде репресивен како комшиите.

в) Македонија е земја во која има голем број на малцинства затоа што Македонија никогаш никому не забрани како да се изјаснува при попис. Дали состојбата во која сега таа се наоѓа налага да се замислиме дека не е во ред да бидеме отворени, туку дека успешна држава на Балканот е онаа која применува грчки модел на малцинска политика?

Чудно е како при толку експерти и факултети никој ова не го кажал јасно – колку што ми е мене познато. Кога на сето ова ќе се додаде и борбата за власт и лична корист, немањето навика за работа и немање чувство за нација и државност, потребата за етикетирање… не е ни чудо што сето ова се случува. Но, и при сево ова, за некои Македонија не е доволно модерна, не е доволно постмодерна, не е доволно …  Отаму и насловот на овој пост.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s