ПРОМОЦИИ

Нешто се замислив денес… Во светов на науката патувањата, разни работилници, семинари и состаноци се секојдневна работа. Еден професор во својот работен век по неколку пати ја има превртено планетава патувајќи.

     Конкретно ако зборуваме за астрономија или физика, познати се летните конференции на Крит во Грција, во Трст, а и Србија држи чекор па организира специјализирани семинари и конференции, на пример за кондензирана материја.

     Покрај единствената шанса да се запознаат со врвни луѓе од науката за повеќето студенти, овие настани ја промовираат земјата домаќин, претставуваат можност да се чуе гласот на домаќините и за некои други, ненаучни прашања.

     На пример, многу мои колеги имаат мил однос кон Грција затоа што секоја година се таму на конференции, ја чувствуваат таа земја за своја, па кога ќе паднеме на муабет за македонското прашање, им треба доста време за да поверуваат дека Грција може да биде лоша.

     Прашањето е дали Македонија и институциите се свесни колкава можност за раст и зацврстување на позитивната слика за Македонија пропуштаат со тоа што го игнорираат овој аспект на науката.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s