ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ

Да се вратиме назад во времето и да го запрашаме за совет. Даниел (Фрид, оној чичкото од САД кој многу не сака, со широка ама тешка рака) дошол кај нас и сака да не фати најверојатно на иста финта како што неговите предци ги фатиле американските индијанци. Да се потсетиме како било тоа. Доаѓаат претставници на белиот човек и им нудат стакленца, виски и ситнурии на домородците во замена за нивната земја и се што им значи. И на тој начин ја откупија целите денешни САД од индијанците а нив ги ставија во резервати. Во резервати во кои и до ден денес психички пропаѓаат и се пијанчат. Но, не сите паднаа како жртви на лакомоста и лажните ветувања. Имаше и такви кои се бореа а најпознатата битка е онаа кај литл биг хорн. Секако дека на крај беа поразени, но што мислите кои останале запаметени во колективното сеќавање? Оние кои продаваа кога не беше нивно да продаваат, или оние кои веруваа во нешто повеќе од стакленцата, оние контрашите?
     Денес ми доаѓа да се искинам од смеење кога гледам како американецов ги педалира истите финти кај нас. Полека бе брат, ние гледавме на телевизија ако не друго како вие си ги спроведувате интересите. Само стакленцата се сменија. Денес нудите членство во НАТО и ЕУ, ама зад завесата логиката ви е горе долу иста. Но за чудо, работи бе… Да се чуди човек како маглава која се создава со години целосно ги заслепува луѓето. Ете, упатуувам апел барем малку со усул правете го ова, оти само ноторни глупаци нема да видат што продавате… ух, а што ли напишав само пред две реченици…
     Јас, ние… сме ваши пријатели. Па, извинете, знаеме дека во политика нема пријатели. А ете, ако сте толкави пријатели тоа се демонстрира на начин како што Франција го демонстрира за Грција. Поддржуваш позиција и тоа е.
     Понатаму… во денешен или вчерашен Утрински Весник, читам колумна од Никола Гелевски и се запрепастувам. Човекот започнува со цитати од Копачите на Рацин и заклучува дека Рацин бил визионер и космополит, и дека за него би немало дилема дека треба да се направи историскиот компромис. Се надевам дека не сум ја разбрал колумната. Добро бе, што се случи со луѓево? Гелевски го читам од порано, маргина, активизам… се тоа во ред. Но, во последно време братијата од Точка едноставно… Можеби студиите на филолошки им дошле до акот, или непознато за мене тој факс станал бастион на авангардата? Дерида, дискурс, дискос… како беше она? На маргините има останато простор врз кој би можело да се пишува… Колку добро звучеше тоа. Сега на пат се да ја маргинализираат Македонија, притоа секако верувајќи дека тие се оние кои се пророци меѓу слепци. Нејсе. Овој слепец ете пишува.
     Понатаму што ми смета во демократијава… Гледајќи како одредени луѓе во Македонија се би сториле за својот дел од стакленцата на Даниел, би ги повикал да бидат доследни до крај. Ако парите се се, нека ги изведат своите ќерќи на аукција, нека престанат да одат во црква и нивна црква нека биде менувачницата или берзата. ајде да не се лажеме. Барем толку. Патем, што мислите, и да му ги дадат и сите НАТО – а и сите финансии на овој свет на ваков народ, што ќе се случи? Ќе ги прокоцка или испие. Фатете се за работа, и тогаш и од најнеповолните услови ќе создадете нешто. И тогаш ќе преговарате како еднакви. Поданици и пиони никој не сака. Со нив само се тргува.
     Секој треба да се определи. Мене ќе ме најдете кај литл биг хорн. Ќе бидам таму со последните мохиканци. И ќе си ги одмериме силите. Ако победиме, се ќе биде по старо. Ако изгубиме, генерациите кои се живи сега, ќе бидат последните Македонци.
Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s