Подметнувањата на „Балкан херитиџ“ и Македонското молчење

Да го парафразирам Рацин: На кантар студен со туч ја мерат а можат ли да ја измерат нашата… глупост. Не ми доаѓа поинаква мисла од оваа. А поводот е следен. Студирам во Лајден, а некое хоби и интерес ми е археологија, па од време на време арчам по некој клик на сајтот на факултетот по археологија на нашиов универзитет. По сугестија на Василка, која соработува со археолозите од тука, кликнав на еден линк кој го превидов. Кога, што ќе видам.  Факултетот ги кани студентите на теренска работа во Хераклеа Линкестис, крај Битола и тоа ова лето, во рамки на проект организиран од „Балкан Херитиџ“. Дотука се е супер. Бугарска фондација, во соработка со археолози од Завод Музеј – Битола и од Новиот Бугарски универзитет копаат во Македонија и притоа носат и престижна институција да работи со нив. Милина.

Се додека не прочитав како е претставена историјата на Битола. Дознав дека:

The new medieval town rising near Heraclea’s ruins was conquered and remained part of the First Bulgarian Empire from the 9-th to the early 11-th century A.D. when it was given its present name. Baptizing of the local Slavs after 864 was assisted by St. Clement of Ohrid and St. Naum of Preslav – now the town’s patrons.

и уште:

For a period of 15 years after 1903, the Bitola region was a battlefield. First in 1903 the rebels of Ilinden-Preobrazhenie Uprising led by the Internal Macedonian-Odrin Revolutionary Organization (IMORO) fought against Ottoman troops and paramilitary groups. Then in 1912 during the Balkan wars the Serbian army occupied the city and refused to hand it to Bulgaria. Bulgarian forces retrieved it in 1915 during WW I but the area turned into a front line against the Allies.

Задебелените зборови се мои чуденки. Бугарска фондација си тера Бугарски интереси, тоа е јасно и неспорно. Ама, шо прават „нашиве“ од Заводот? Каде е во сево ова археолошкиот факултет од Скопје? Или е стандард, пак сите се раскарани, а други си ги пишат книгите…

Што ќе им се кажува на студентиве од Лајден, не ни сакам да знам. Бугарските археолози ќе си зборуваат, Битолските најверојатно ќе климаат со глава, чувајќи ја „кубурата“ за полоши времиња. Греој.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s