ОНА БАРА ИСТИ ПРАВА

Извадок од денешното мрежно издание на „Дневник“:
     Посебен закон за права бараат и поранешните припадници на ОНА. За нив е сеедно дали законот ќе се однесува само на нив или и на бранителите, се’ додека имаат исти права. Бесим Хода од Унијата на ветерани на ОНА најавува масовни протести ако неговите соборци не добијат ист статус со бранителите. Хода го посочи босанскиот модел како најсоодветен оти со него еднакво се обесштетени сите учесници во војната.     „- Бранителите немаат право да не’ нарекуваат терористи, зашто рамковниот договор и промената на Уставот докажа дека тие, а не ние, бранеле погрешен уставен поредок. Државата треба да се извини и да ги обесштети, и нив и нас. На бранителите зашто ги измами кога ги повика да го бранат тогашниот устав, а нам оти го променивме или војнички кажано, сме победници од конфликтот. Ако Македонија сака да биде држава на сите граѓани, треба еднакво да ги обесштети и бранителите и припадниците на ОНА“ – рече Хода.

     Морам да признаам дека се согласувам со господинот Хода. Оваа изјава досега најпластично според мене го посочува проблемот. А  тоа е дека основата за давање на пензии и на терористите е што тие победија. Не е случајно што се повикуваат на босанскиот модел, каде што исто така војната ја „замрзнаа“ странците. И мислам дека бранителите погрешно постапуваат. Треба да се отвори прашањето на рамковниот договор и промената на уставот ако веќе не е прекасно. Треба да се лутат на нивните команданти, и конечно да се каже дали АРМ дејствувала максимално или не, дали била спречувана во дејствата и од кого.
     Еднаш кога ги пуштивте во парламент оние кои посегнаа по оружје, кога ги легитимиравте, сменивте устав и поредок, сега и на глава да ви се посерат ќе ќутите. Тоа е одговорот зошто ни се случува сега ова. Плодови на победата. Има само еден излез:
Ревизија на рамковната срамота додека не е прекасно
     После тоа, само по себе ќе се реши и прашањето со името, и со ЕУ интеграциите.
Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s