НЕМЕЗИС

Се чини дека муабетите околу можното постоење на досега невидена планета која орбитира многу далеку од Сонцето никогаш не губат од актуелноста. Ако ги исклучиме апокалиптичните сценарија, ваквите дискусии и истражувања се од голема корист затоа што преку нив може да дознаеме многу за причините кои довеле до тоа нашиот сончев систем да е онаков каков што е.

Нешто што ги поттикнува овие размислувања е и мистеријата на орбитата на малата планета Седна која орбитира многу подалеку од Плутон. Нејзината орбита е со голем ексцентрицитет (перихелот и е 76 астрономски единици оддалечен од Сонцето, а афелот 975 AU). Ваква орбита може да е резултат само од некоја средба со друго масивно тело кое орбитира на големо растојание од Сонцето. Дали тоа постои и колку е масивно може да покажат истражувањата кои започнуваат сега. Eден таков проект е мисијата WISE на NASA, односно сателит кој има за задача да направи мапа на целото небо во инфрацрвениот дел од спектарот. Ако таков објект постои, WISE би го детектирал преку неговото топлинско зрачење, а потоа може да се определи и неговата орбита.

600px-Oort_cloud_Sedna_orbit.svg

Некои проучувачи на оваа проблематика постоењето на такво тело го поврзуваат со периодичните вознемирувања кое тоа би ги предизвикувало врз кометiте во надворешниот сончев систем, а со тоа и со цикличното бомбардирање на внатрешните планети (вклучително и Земјата) и со масовните истребувања на биосферата кои се случуваат периодично. Интересни размисли. Но, за сите оние кои се убедени дека Немезис или Нибиру или како и да се вика некоја страшна митолошка планета која е крива за севозможни уништувања е неоспорен факт, да напоменам дека досега нема докази дека такво нешто постои. Што се разбира дека не значи оти треба да престанеме со набљудувањата и обидите да дознаеме дали навистина е така. Повеќе може да прочитате во одличниот пост на Centauri Dreams.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s