НА ШАЛТЕРОТ НИШТО НОВО

Значи, ете пак по којзнае кој пат се соочувам со ноторни глупости. Да беше нешто вообичаено, ајде де, ама овој пат ќе постирам, макар колку само за да викнам во блогосферата. Подолго време на А1 одат вести за борбата на едно мало чупенце со леукемијата. Вчера беше потврдена дијагнозата и објавен повик на А1 за донирање на средства за лекување. Може да се донира од Македонија со повик на одредени броеви или на девизна сметка. Бидејќи сум во Холандија, решив да помогнам со една мала симболична сума, и нормално се логирав на сајтот на мојата банка и како што плаќам за се, направив дознака до Македонија на XX евра. Трансакцијата помина, супер. Арно ама, кога се прави дознака во странство, имало и (поголеми) трошоци… Па така, јас наместо да ги поделам трошоците на трансакцијата или да ги оставам на примателот, ги презедов на себеси, бидејќи ова е донација и на примателите им требаат сите пари. Ми доаѓа извештај дека трошоците изнесуваат YY евра. Но, заебанцијата е во тоа што во случајов XX = YY ! Уште повеќе, мојата банка во извештајот ми вели дека тие трошоци се сите од страна на банката во Македонија. Со други зборови, ако јас изберев трошоците на мојата дознака да се делат помеѓу мојата и македонската банка, чупенцето ќе добиеше 0 (нула) евра.

     Па добро бе, стварно, шо не е во ред со луѓево? Како прво, знаат дека сметката се отвара за донации. Па заеби, откачи ги трошоците, аман. Во тој хедерот на тие IBAN/SWIFT форматирани пораки има еден куп бајти кои можат и да покажуваат дека за таа сметка не се наплаќа трошок. Или, шо знам… земајте 10%. Ама ова врска нема со ништо. На времето VBB пишуваше за 1001 далавера која банките ја прават за безобразно да го крадат народот.

     Ајде да речеме дека банките имаат трошоци. Трошоци за плати, хартија, реклами, јахтата на шефот, малите дечиња за неговите оргии, и тоа… ОК. Тие трошоци се и повеќе од покриени со процентите од трансакциите дома, од процентот кој ви го земаат кога плаќате сметки, од напумпаните камати на кредитите (читај лихварење), итн… Значи, трошоци за дознака од странство нема. Зошто нема? Дознаките се електронски, па трошокот би бил ист или помал како оној за интернет конекција а низ таа конекција оди и стриминг порното на типот од портирница, и мејлот на швалерот на секретарката… и мојата ебена дознака. Е, не може да ме убедат ни на сон дека една дознака има трошоци од 1 цент, а не моите YY евра.

Кога сме веќе на темава, нема ни кјзнае колкав трошок ни за телефонски / интернет конекции, еднаш кога ќе се купи опремата, се останато е чист профит. А некој сака да не прави будали. Некој се смее на филмчиња како Zeitgeist, и сака да продава бели бубрези место бубрези. Во Хрватска уште на времето (пред три години) гледав на Латиница како професорка од економски аргументирано објаснува како банкарите се единствени на кои државата им дозволува да работат БЕЗ никаков ризик. Ако тоа важи за таму, важи 1000 пати повеќе за Македонија. А во Македонија итака никој не се замара. Не знам дали некогаш излегол некој профа да ги открие валканите алишта на „успешните“ Македонски банкари. Срам да им е. И сеуште не ни помислуваат да ги слезат каматите на ступидните кредити со ступидни услови, и сеуште се кезат во мајмунските одела. На здравје нека ни е.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s