НАБЉУДУВАЊЕ

Пролет е…

надвор Сонцето грее, а понекогаш

гласот на некоја птица го слушам

птицата песна пее…

Песна за нас, а за неа

потреба е тоа.

Животот да го продолжи таа мора,

животот да го прекинеме ние мораме.

Децата се гласат,

луѓето одат… врвулица

се чини е обичен ден.

Но не…

темен облак од омраза се крева

полека но сигурно го затвора хоризонтот.

Уште една војна во бескрајниот низ

треба да нанижеме,

нашето човечко да го понижиме…

Главешините се смеат, сметки се прават,

парите, парите секому се в глава.

Мислат будни се, а спијат, спијат…

Државата се грижи за нас.

О, каква глупост!

Играјте се деца, живејте сите додека можете,

наскоро ќе ве наредат во строеви,

во исти униформи, вие сте само броеви.

Ќе ве помножат со нула,

никому не му е грижа,

страдања ќе се нижат,

парите ќе се множат…

Можеме ова да го прекинеме,

ајде, не бидете глуви,

кренете глас,

разбудете се, побрзо,

ако не,

на оваа планета и нема спас.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s