МИКРОЦЕВЧИЊА

Пред точно 10 години се сретнав со провокативната теорија за квантната свест и за тоа како мозокот врши избор. Оттогаш контроверзите и литературата на оваа тема се во постојан пораст изгледа. Не го следам тоа поле онолку често колку што би сакал, но во последно време му се навратив.

      Што е суштината? Сосема кратко. Во секоја клетка постојат структури наречени микроцевчиња кои го сочинуваат скелетот на клетката во цитоплазмата. Тие се нанометри во дијаметар, а составени се од тубулини кои се пак во суштина протеини кои можат да поседуваат квантни својства. Имено, тубулините може да се деформираат и да заземаат две позиции, еве да ги наречеме стисната и издолжена. Сега на сцена настапува квантната механика. Претпоставката е дека ако системот го опишеме квантно механички, и на секоја од овие позиции и доделиме една состојба опишана со свој вектор, тогаш е сосем можно овие две класично одделени состојби да се суперпонираат, тоест да постојат заедно, истовремено. Ако сега ова го прошириме на целото микроцевче, можеме да претпоставиме дека целото може да се најде во таква квантна состојба, каде што целото е во „збирна состојба“ составена од суперпозиција на векторските претстави на сите свои делчиња.

     Но, зошто да застанеме таму? Ова може да се прошири на се повеќе и повеќе микроцевчиња. Тука работите стануваат интересни. Ако „збирната состојба“ или „заедничката состојба“ се прошири на голем број на микроцевчиња, таа може да се манифестира на ниво на клетка, па дури и пошироко, на повеќе клетки или на цел орган. Со тоа, таа повеќе не е микроскопски феномен, и станала макроскопска појава.

     Е сега, поентата е дека квантните системи се чудни, затоа што кога се во ваква „збирна состојба“ која е конгломерат од повеќе поединечни состојби, тие спонтано може „да се решат“ да изберат една состојба од мноштвото и тогаш престануваат да се квантни системи туку стануваат класични. Таа спонтаност може да е предизвикана и однадвор. На пример, со самото мерење или погледнување на квантниот систем, ние влијаеме на него и тој си „бира“ состојба, а ние го перцепираме во таа состојба. Пример за тоа е, јас ви велам погледнете ја топкава која што сум ја донел. Вие се завртувате и гледате дека е зелена. Но, ако таа е квантен систем, пред да ја видите, таа постои во „збирна состојба“ составена од сите можни бои, а станала зелена во моментот и токму поради тоа што вие сте ја погледнале.

     Но, што ако ваков систем е самиот мозок? На пример се теоретизира дека и самиот процес на одлука можно е да се опише со вакво резонирање. Можно е мозокот да постои поделен на вакви региони од „збирни состојби“. Момент пред да се одлучите за нешто, се е еднакво веројатно. Во моментот на одлуката, еден регион на мозокот ја колабира својата збирна состојба и таа станува определена состојба или одлука. Вие сте се определиле. Сакам сладолед од ванила а не од чоколадо, блогот на virial не го бива, итн.

 orch.jpg

     Ова само по себе е интересно, но може да го прошириме и понатаму. Што ако е можно целиот мозок, а можеби и целото тело да го доведеме во состојба на една „збирна состојба“? Тогаш целиот мозок би бил кохерентен и би се однесувал како еден квантен систем (ајнштајн – бозе кондензат на пример). Познато е дека кога микроскопски системи влезат во ваква состојба на квантно единство, способни се за многу чудни работи. А што ако тоа не завршува таму? Ако овие состојби се можни и на макроскопско ниво, тогаш би можеле да бидат објаснување за многу нешта. Мистичните искуства би можело да бидат ништо друго, туку постигнување на „мозочна кохерентност“. А патот до таму би била медитацијата, религиозниот катехизам, или само зенот. Самиот зен момент, соединувањето со таткото, откровението, можеби се само лаички описи за нешто што е неописливо токму затоа што е во основа квантно, исто како што мака мачиме да опишеме што е тоа спин на електронот на пример.

 4321_13.gif

     Но, ни тука не мора да е крајот. Што ако „збирната состојба“ се прошири? Во принцип, духовникот би можел да стапи во единство со целиот космос, подесувајќи ги своите микроцевчиња на „збирната состојба“ на целината.

     Сево ова засега не е ни најмалку ригорозно математички третирано за да се докаже било што. Но, ако дозволиме барем мал дел да е вистина, тогаш би можеле да бидеме сведоци на чудо, имено сите наши борби и кавги во духовната сфера да се беспредметни, а самата духовност да се сведе на делење на личната бранова функција, на личниот вектор на состојби и негово слевање во општата „збирна состојба“. За мене лично тоа е прекрасно.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s