Мегалитската Опсерваторија Кокино

Верувам дека повеќето од вас кои ќе го прочитаат ова, веќе имаат слушнато за мегалитската опсерваторија Кокино, и тоа е добро во овие времиња кога премалку посветуваме внимание на работи настрана од политиката. Доста е направено во нејзина промоција, пред се од страна на Македонското Истражувачко Друштво. Секако, никогаш не е доста.

 

Мојот мотив за пишување на овој пост не е толку промоција на локалитетот, туку осврт на некои случувања од професионален (астрономски) аспект. Најпрво да си кажам дека поради сплет на околности никогаш не сум го посетил локалитетот, и сите мои представи се должат на слики и разговори со мои пријатели кои биле таму. Но, тоа и не е толку битно за она за кое што сакам да зборувам. Локалитетот е датиран дека е стар 3800 години, а можно е и да е постар. На официјалната страна (линкот погоре) ќе ве пречека завидно добро изработена презентација со сите потребни информации. Астрономската анализа ја направи Ѓоре Ценев од МИД, и колку што сум јас информиран таа се совпаѓа со датирањето на археолошките наоди (керамика). Кој метод е користен за археолошко датирање (TLD или нешто друго) не ми е познато, но сигурно прашања може да се постават кај Arwena. Во времето кога Кокино е откриено (2001), во македонија не постоеше официјална катедра по астрономија на ПМФ, па не знам кој официјално ги потврдил астрономските датирања. Неофицијално знам дека тие биле потврдени од страна на бугарски астрономи. Без намера да го спорам астрономското датирање, ниту стручноста на бугарските колеги, за која знам дека не е под знак прашалник бидејќи сум имал прилика да ги запознаам и да се уверам во неа, сакам да посочам нешто. Иако не се крена многу прав по тоа прашање како и обично, во тие моменти се покажа колку Македонија уште еднаш заостанува во астрономијата. Иако оттогаш насоката по астрономија се формира на ПМФ, знам дека не е поддржана како што треба од државата и се третира како куриозитет, а не како наука. Се потврди дека практиката изнаоѓа начини да ни укаже дека се е поврзано со се останато. Македонија нема домашни капацитети да третира археолошки наоди поврзани со астрономијата интердисциплинарно. А такви постојат. Пронајдена е карта на небото изгравирана во камен, која мислам дека никогаш не е астрономски третирана, само археолошки. Понатаму, поради незаинтересираност, оригиналниот сончев часовник со уникатен дизајн пронајден во Хераклеа е и денес во Белград, а во музејот во Хераклеа има само негов гипсен одливок. Негова анализа е направена и објавена во списанието “Васиона” во 1983, но никој од Македонија не се заинтересирал за тоа понатаму.

Природните науки државата ги третира како маќеа. За археологија и се издвојува по нешто, за истражување на Кокино се доделени неколку илјади евра (смешно), но не сум чул ништо за тоа дека се пристапило кон опремување на новите студии по астрономија, дека некој од министерството мисли на тие студенти, ништо од правење барем на една мала опсерваторија за вежби ако не за друго, или потпишување на договори за соработка со европските астрономски структури кои би можеле да помогнат… А во меѓувреме, се отвараат прсиплева универзитети, приватни факултети… Само, чудно, никаде нема студии по природни науки. Се нешто економија, право…

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s