КОНЕЧНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Проблемот со пишување на било што во врска со општествените состојби во Македонија е во тоа што веднаш добивам желба да престанам да пишувам. Зошто би пишувал, кога и други пишуваат, пишуваат добро, а сепак мало фајде има од сите пишуванки. Порано аргументирав дека блоговиве се само вентил за намалување на притисокот кој се користи за ние да продолжиме да се движиме во истата колотечина за навек. Нема блог револуции. Стварноста на улица е стихијна а денес и премногу менаџирана за да се случи нешто навистина непланирано. Ние немаме причина за револуција, можеби со сите овие информации кои ни се достапни, конечно сме се подигнале на она ниво на кое гледаме дека револуционерна промена не е можна, дека се е циклично.

Мислам дека ние, Македонците, конечно еволуиравме на далеку повисоко ниво од сите со кои ја делиме планетава. Исправка, не сите, ние конечно сме на прагот да им се придружиме на абориџините, ромите, племињата од амазон, кои немаат своја државност. Македонците, најпосле, ја сфатија залудноста на постојаната борба за анахроните концепти како држава, нација, етницитет… Ние ќе бидеме први кои сами ќе ја деконструираат својата држава и така ќе се вознесеме во еден подобар свет. Со пример ќе им покажеме на соседите како еден голем народ се претопува во општа човечност, во жители на планетата Земја.

Кога ќе размислувате на овој начин, Македонци, каде и да сте, веднаш ви станува јасно се, нема потреба за нервоза. Сега сите ви се пријатели. Сите соседи на Македонија, сите нации во светот и Европа не се против вас. Не. напротив, тие од петни жили се трудат само да ви помогнат, тие ја увиделе нашата големина. Свесни дека самите немаат капацитет да се трансформираат, тие ќе бидат среќни ако им помогнат на Македонците. Треба да ги сакаме како браќа.

Конечно, со своето трансцедентирање на оваа илузорност која го носи името на државност, Македонците ќе го најдат својот мир. Академиците го знаат тоа, новинарите го знаат тоа, народот го знае тоа. Народот, знаејќи го сево ова, е во конечно смирение пред трансформацијата. Народот е егзалтиран, и мирно молчи чекајќи го стопувањето со нирваната, со непостоењето. Прочистен од желби, од имот и земни грижи. Убаво е да се биде Македонец токму поради тоа што ние сега, конечно, ќе се ослободиме од илузиите. Радувајте се и вие и посипувајте им го патот со цветни листови од роза на оние кои деновиве ќе излезат на улица и ќе ви помогнат да бидете космополити, оние кои ќе ве вознесат, ослободат, оние кои ви помагаат. Запаметете дека тие се тие кои го носат најголемиот товар, неуморно работејќи во штабови, универзитети, скопски населби, амбасади, оние кои денес се жртвуваат за вашето подобро утре. Сакајте ги. Нека ни е аирлија новиот ден.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s