КОМЕНТАР

Ќе биде ова политички пост, ама нека стои и тука мојот коментар на постот на Александро:

     Александро, одличен пост и сумирани поенти. Значи, јасно е на што сме. Што може да се направи? Јасно е кои се позициите на државата Грција (не нужно и на мнозинството Грци). Јасно е дека од свои интереси, тие се поклопуваат и со позициите на ЕУ, САД, и т.н. Нашите позиции се двојни. Еден (анестезиран и опиен од ветувања свои илузии) дел од народот и „политичарите“ ги дели ставовите на Грција, а друг дел со право бара фер игра.

     Што можеме да сториме? Дали можеме да одиме сами против сите? Тоа зависи од тоа дали имаме самодоверба. Најглавната причина поради која оние кои мислат малку повеќе ги тера да ја сакаат ЕУ е поволниот ефект врз стопанството. Ако ги прекинеме преговорите, што е исправно, а со тоа не влеземе во ЕУ (што не е толку лошо) стравот кој се лиферува е дека економијата ќе колабира. Да, доколку играчите во таа економија немаат самодоверба. Доколку се патриоти и имаат самодоверба, тие би нашле нови пазари, и начини на кои Македонија ќе преживее. Според начинот на кој во секоја прилика пекаат по помош и донации, според начинот на кој нашите „политичари“ гледаат што побрзо да се додворат секому, скептичен сум дека опстанок на Македонија е можен во едно такво сценарио со оваа гарнитура.

     Значи, треба смена на гарнитурата. Најбрзо тоа би се направило со воен удар. Дали е АРМ доволно национално освестена и способна за тоа? Мислам дека не. Друго е прашањето дека после сите „урамувања“ на сите поважни институции, не се знае дали може да им се верува дека ќе постапат правилно. Дека нема да има кртови. Дали навистина може после 2001 и после се да му веруваме на Албанец од Македонија кој е во високите ешалони на АРМ дека ќе делува прво за Македонија? Мислам дека не. ВО тој случај реална е опасноста од граѓанска војна во Македонија од која пак најголема корист би имале комшиите. Најмногу боли што самите ние ја ослабнавме Македонија, што мислевме дека за да изградиме демократско општество треба да ја разградиме Макеедонската национална држава. Таа лудост која непријателите на Македонија ја протнаа меѓу нас сега ни се свети. Не гледам дека Бугарија, Грција или Хрватска не се демократски затоа што не се како Македонија. Нив не ги ни критикуваат.

     Што е тогаш одговорот? Намалку штета би се сторило кога би постоело некое јадро на свесни Македонци. Тајните служби парадоксално пак би можеле да се нашата последна надеж под претпоставка дека не се компромитирани. Тоа јадро би морало да направи натчовечки напор да ги обедини Македонците и од левицата и од десницата (како, не знам навистина после се што се случи) и од една таква обединета позиција да се прекинат преговорите и да се поведе постапка во ООН за оценка на исправноста на постапката за прием на Македонија. Понатаму, да се истрае со постапката пред судот во Хаг, да се туркаат прашањата на малцинствата кај соседите, и да се повлече привремената спогодба со Грција.

     Ако се ова помине мазно (а нема), но целта е Македонци со исправена глава да работат напорно на случајот, имаме шанса да ја зачуваме државата. Тоа би бил само почеток. Потоа би требало успешно да се ескивираат сите подметнувања од странските агенти во Македонија, би требало амбасадорите дискретно да се постават таму каде што им е местото. Дури тогаш може сосема деликатно да се пристапи кон поправка на територијалната поделба и на крај „дерамковизација“ на Македонија. Секако дека терористите од ОНА нема лесно да се откажат од она што со пушка го добија, и затоа ќе треба да им се покаже дека би била лудост ако ја повторат екскурзијата од 2001. Тоа би било можно ако Македонија до тогаш е доволно силна да стекне меѓународна поддршка за она што ќе го направи, и што е изнесено погоре. Таа поддршка не е невозможна ако се одигра како што треба. Докажано е дека „меѓународната“ ги почитува оние кои што играат како неа.

     После сево ова, конечен потег би бил враќањето на ѕвездата од Кутлеш за национален симбол. Дотогаш Македонија би била доволно силна економски и политички, па може да се одржи и референдум дали се прифаќа поканата од ЕУ за членство. И тогаш, ЕУ ќе ја почитува Македонија.

     Многу е болно сознанието дека ако се постапуваше исправно, ние денес ќе го живеевме претходниот пасус во овој коментар.

    За оние што ќе ме обележат како идеалист, морам да кажам (ако не им е јасно) дека прв чекор за да го избегнеме падот во амбисот е да започнеме да мислиме на овие идеали и да ги оствариме. Ако не верувате, веќе сме поразени. Поздрав и се надевам дека ќе се обединиме. Ако тоа го направиме, знам дека победата ќе биде наша. Македонска.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s