КАМЕН ЈАНО…

Сношти (18 Март 2009 година 22h08m по Гринич), додека во партиските штабови во атмосфера на зачаденост, виски и кока се грицкаа нокти, сношти додека се штанцаа постови, сношти, додека (се надевам) некој легна нешто… покрај Земјата на височина од 43 000 километри над Јужниот Атлантик помина една карпа со дијаметар од околу 30 метри. Височината е речиси иста со онаа на која орбитираат геосинхроните сателити, и ова е најблизок прелет на астероид до Земјата што било кога е забележан. Неговата орбита во однос на планетите во внатрешниот сончев систем е:

 3.gif

забележете дека од ознаката на астероидот (2009 FH) не се чита ознаката на Земјата, поради тоа што позициите на двете тела речиси се поклопуваат. Можеме да бидеме благодарни за она „речиси“. Во рамки на сончевиот систем, далечината за која се разминавме е занемарливо мала, или колоквијално речено, не промаши за „половина влакно“.

     Она што е интересно е дека  астероидов беше откриен во Понеделник (16 Март), само 2 дена пред најголемото шриближување од страна на автоматската програма за откривање на опасни астероиди – LINEAR. Според тоа, можете да замислите колку време би имале за да сториме нешто ако ова беше навистина опасен прелет. Како показател на близината на прелетот, ја давам и следнава слика:

 2.jpg

гравитационото влијание  на Земјата ја измени патеката на 2009 FH за 15 степени. Астероидот припаѓа на фамилијта на астероиди кои орбитираат помеѓу Земјата и Венера и завртува еднаш околу Сонцето за 9 месеци.

     Засега NASA е единствена агенција која има ваква програма посветена на откривање на опасни астероиди. Подетално за секој од објектите може да се информирате овде. Програмата LINEAR не може да ги открие сите потенцијално опасни објекти поради големината на просторот кој треба да се истражува и ограничените средства. Колку за ваша информација, можете да бидете сигурни дека за секој ваков објект за кого знаеме дека толку ни се приближил, барем дузина се приближиле а не биле видени.

      Ако овој астероид беше само малку поголем и се движеше по само маааалку поинаква орбита, или се најдеше во точката во која што беше сношти малку порано или покасно… денес оние кои ќе преживееја ќе имаа сосем поинакви проблеми од оние за кои ние мислиме дека се многу важни во ова секојдневие.

     Мислам дека стратегијата на Македонија кон овие прашања е полн погодок. Бриљантната комбинација на глава во песок паралелно со систематското уништување на интересот и условите за развој на природните науки, во пакет со воведување на веронаука се одличен начин да се справиме со овие предизвици. Ако нешто се случи, сите ќе знаат да се молат, а во конечната екстаза, сите ќе најдат и утеха, бидејќи нели, господ кај себе ги земал оние кои најмногу ги сака. Па, тогаш, конечно, ќе се потврди дека господ сите ги сака… најмногу

     Останете ми со здравје и помислете на ова кога нареден пат ќе погледнете во небото… ако гледате. Или, не мислете.

     P.S. Како тоа ниту еден астролог не го виде ова на нечија натална карта… ниту една гледачка во кафе… ниту еден јасновидец. А1 додуша опскурно извести таму некаде на дното на страната. Се разбира, го згрешија името на астероидот. Ама ако, ако го погодеа, дури тогаш ќе се загрижев…

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s