ИТЕРАЦИИ ДО БЕСВЕСТ

Не сум редовен на блогов ми мој, не од што не следам случувања, или од што нема што да кажам, ама мислам дека и така страдаме од информациска претовареност. Ете, се собраа доста настани, па да прекинам со научни постови, и да напишам нешто од општа култура…     Каква култура, не знам, затоа што според тоа што читам што се случува во Македонија, ситуацијата е дијаметрално спротивна од онаа која би требало да биде во земјата која е папок на светот и лулка на цивилизации. Како ништо од тоа да не преостанало, па само се слушаат homo homini lupus est стории, газење преку лешеви до профит, тоест вообичаената какафонија. Мислев дека барем малку од малку ќе се прераснат некои глупости, ама јок. Нови генерации растат, растат помеѓу се повеќе и повеќе плевел; ако трендот продолжи,  _________ нека им е на помош. Има и зрак на надеж, ова лето запознав прекрасни млади луѓе во Битола кои сепак се интересираат за наука. Парадоксот е во тоа што кога јас бев на нивни години тешко се доаѓаше до ажурирани информации и контактирањето беше ограничено. Денес тука е мрежата, се е на дофат, ама денешните млади ми се чини поголеми пречки имаат од средината во која живеат. Истата онаа средина (држава) која вели дека знаењето е сила. Нејсе.

Барем се копкаше нешто во земјата, и се чини дека ако не друго, Македонија ќе се оддолжи кон она закопано знаење кое лежи во неа. Кога, слушам дека со багери се кршела керамика… За Градиште се зборуваше, ама дури и од туѓина имам впечаток дека многу помалку се популаризира вандализмот кој таму се случи, отколку популаризирањето на взаемното плукање на „газдите“ на Градски аптеки… Додека така се поставени работите… Видеа и исцрпни извештаи кај Arwena. И посакувам да успее во разобличувањето на глупоста која се шири низ Македонија.

Општо, напредок во просветителската мисла не е на видик во МК. Но, барем се забележува дека апатијата расте, дека на политичките структури им е се потешко да замајуваат народ со пароли, и дека можеби (дали имаме право да се надеваме…) народот, т.е. ние, вие на крај ќе се сети дека суверенитетот на тоа што се нарекува држава извира од него.

Не дека којзнае што би се случило. Според напишаното погоре, најверојатно е да се заклучи дека со свест која спие нема да има кој да го пополни вакуумот кој би се создал и ако некој како со волшебно стапче ги тргне сите извршители од јавната сцена. Тоест, ќе има кој, секогаш има, но тоа нема да биде оној или оние кои би можеле навистина да променат нешто. Затоа што, дихотомијата на тој процес лежи во сржта на проблемот на водството. Водач може да биде некој кој е салам способен, и со полна самодоверба. Ама, таквите најбрзо се изложени прво на критика од останатите штом еднаш ќе се доберат до власта (дури и да работат добро), а потоа и на искушението навистина да поверуваат дека се најубави и најпаметни.

Затоа секоја промена и тешка. После секоја победа, идеалите се изневеруваат. Понекогаш затоа што се превисоки, понекогаш затоа што се плашиме дека ако се остварат или ќе ни биде досадно, или дека и самите ќе треба да се откажеме од некои свои навики за да ги живееме тие идеали.

Пример кој често си го повторувам. Се случува убиство, сите пекаат да се најде и казни суровиот убиец, луѓето сакаат крв. Но, оној што ќе го брка не е интелектуалец, не е професор, туку е полицаец, најчесто оперативец кој за да е добар, мора да го живее и животот на улицата, да е спремен да пука прецизно и брзо… кој не се разликува можеби многу од оној што го прогонува. Во војната во 2001, некој се згрозуваше што резервисти опљачкале викендици во Маврово; во интервју полициски генерал кажа: „да не мислите дека против терористите се борат луѓе со диплома на доктори на науки“. Доволно јасно кажано.

Сите сакаме работите да се средени, поделени во папки, јасно обележани. Во природата не е баш така. Затоа, тенка е линијата. Како да се постигне да не биде Македонија општество каде што се случуваат тешки глупости, но во исто време да се даде и предупредување дека и апсолутна контрола не е баш најдобра работа.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s