ИСТОЧНО ОД (К)РАЈОТ

Се враќам од работа / учење и кога и да се закачам на блогерајов, се иста песна. Жими сите тапани на Дарквуд, сте заборавиле изгледа дека најдобриот и најисправен пат е секогаш средината и умереноста. А ваму, во жална Македонија и на уште пожален блогерај, се само екстреми.

      Веронаука во училишта, акција за собирање на питачите од улица, па потоа некоја друга крајност, режимот бил фашистички… Владата згреши и се занесува, ама пак и (образованите?) луѓе во Македонија ја претеруваат. Се плука, се етикетира, и она малку добро што се направи кога конечно се придигна државата од колена и зеде да им се спротиставува со факти на уцените од надвор ќе се урниса ако сега како во маѓепсан круг пак се повикува (импотентната и непостоечка) опозиција да спасува.

     Минатото се повторува ако не се учи од него, а Македонците кои патем ретко кога имале самостојна критичка мисла уште прифаќаат полуобмислени решенија од надвор. Политички систем, закони, правила, се се увезува како пилешки копани.

      Ако се спуштиме на локално ниво, molika и volan трубат за купишта проблеми во соодветните им градови, ама ако… Слушам се кубури фестивалот Манаки од Битола да се сели во Скопје, и никој не коментира што со тоа би се прекинала 20 и кусур годишна традиција…

      Се повикуваат младите на акција, а тие не се ни за барикади, ни за дома, во парк повеќе не може да се пие, да се чита е мачно, да се сурфа досадно… на која акција без програма и разбирање? Студентите чмаат, сеуште не можат ни за легло во катангата во Стив да се изборат, а камоли да бидат коректив…

      Пред некој ден поминав низ Утрехт, и си реков да се направам на будала и да му досадувам на Џони, ама ми текна дека баш и нема што да му кажам, нема со што да си ја “извадам” ниту мојата генерација, ниту тие по неа.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s