ЗА “ОСТРОВОТ” НА HUXLEY

На светов постојат огромен број на творби на човековиот интелект. Ограничувајќи се на литературата се препознаваат различни жанрови, и секој човек  соодветно на своите сваќања, моментални ставови и желби, ако го прашате, ќе може да посочи на една книга која во моментот на прашувањто се одделува од многуте кои за него се посебни. Се решив да пишувам за книгата “Остров” на – ако може само така да се именува – писателот Aldous Huxley. Нема да дадам кратка биографија на авторот, туку само краток преглед на делото. Значи, приближно оди вака:

 

Младиот навинар – известувач од кризни жаришта Will Farnaby се буди на еден остров едно утро. По сознанието дека е жив и не сосема здрав, се присеќава како ризикувајќи го животот се нашол на забранетиот остров Пала по налог на својот шеф нафтениот магнат лордот Joe Aldehyde. Will е тука за да ги наговори островјаните да дозволат експлоатација на нафтата која ја има во изобилство на островот. Истовремено, тој е растргнат од емоции кои ги носи длабоко во себеси. Сурово ја напушта својата сега веќе несреќно загината девојка заради Babs, која е се‘ што Molly не беше. Тука Will е жртва на животинските страсти, но сега тој треба да ги убеди жителите на Пала да се цивилизираат, а тие  упорно го одбиваат тоа.

 

По неколку стотини страници, Will си оди од островот душевно изменет, мирен, но недоволно изменет за да ја спречи инвазијата на соседната држава врз Пала, и нафтата е добиена.

 

Не е баш “јака” рецензијава, нели? Како да фали цела една книга и се прашувате зошто го пишувам ова и зошто не сум се искажал подобро…

 

Одговорот на првиот дел од прашањето е за да барем малку ве направам љубопитни, а за вториот дел… вистината е дека едноставно не можам подобро на овој простор или со пишување. Тука е потребно лично искуство. Се што можам е само да загатнам некои теми кои што ги допира авторот.

 

Зошто дејството е сместено токму на некојси остров? Дали цивилизација = среќа, што е со самоспознавањето и дали може да се контролираат проблемите како сиромаштијата, пренаселеноста…

 

И, што станува со семејството, односот кон децата? А љубовта, пријателството, сочувството  и свесноста? Што се овие поими и како се однесуваат меѓу себе и во заедницата?

 

Huxley се труди да се искаже. Различни луѓе различно мислат за него, неговите идеи и творештво, што е и нормално.

 

Секако, “Островот” не е негово единствено дело. Ги има напишано и: “The Brave New World”, “Ape and Essence”, “Eyeless in Gaza”, сценарија, новели, есеи, како и извесно количество поезија.

 

Книгиве можете да ги побарате во библиотека, но не ќе биде лошо и да се се нурнете малку во мрежата. Ако во било кој пребарувач напишете: (Aldous) Huxley ќе добиете адреси каде што може да дознаете многу за него лично, неговите дела (и недела) итн. Па, направете избор и читајте.

 

Ако сепак некој нема време да чита или сурфа на мрежата (и пак чита) ќе си дозволам да препишам една негова песна. Ја давам во оригинал на англиски од причини кои што ќе бидат очигледни по читањето:

 

Formal Verses

 

I

 

Mother of  all my future memories,
Mistress of my new life, which but to-day
Began, when I beheld deep in your eyes,
My own love mirrored and the warm surprise
Of the first kiss swept both our souls away,

 

II

 

Ah, those were days of silent happiness!
I never spoke, and had no need to speak,
While on the windy down-land, cheek by cheek,
The slow – driven sun beheld us. Each caress
Had oratory for its own defense;
And when I kissed or felt her fingers press,
I envied not Demostheness his Greek,
Nor Tully for his Latin eloquence.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s