ДЕ – МО(Н) – КРАТИЈА

Започнува во самата зора на животот. Одиме на училиште, па учиме да се натпреваруваме, па писмени, па ораторски вечери, па дебатни клубови… Па, некој дотуркува и до маркетинг менаџер, тоест платен сератор. Во ред е, секако дека ни треба комуникациска вештина и тоа е дел од модерново општество. Од модерново демократично општество, за кое нели, постојано се труби дека е најдобриот од можните системи и дека нема алтернатива.

     Но, што се случува? Скопени сме и импотентни. Не делуваме, туку само пишуваме, дебатираме, блогираме… Пишуваме мотивациони писма, сивиа, тракатанци… Од моментот на развојот на мас медиумите се виде дека тие не само што информираат туку се и идеален тампон и апсорбер. Граѓанството нека пишува, нека блогира, се додека нема вистинска акција, се е во ред. Ќе се испразниме и ќе си легнеме. Затоа најавтентичните револуции во последно време се случуваат меѓу население кое не е толку вмрежено со пипалките на пацифизаторските оптички влакна на големата мрежа. Револуции може сеуште да се успешни во Африка, селата во западна македонија… Секако дека се контролирани и диригирани, но барем се можни. Тие не се можни во урбаното срце, не се можни меѓу младина која најпрво ќе ги тестира идеите и ќе побара одобрување од другарите на блогерај… Импулсот на акција ќе замре после првиот повик за мрежна игра или стриминг порно… А после следи сон секако…

     Ако младиот се најде отсечен од масата поради финансистки проблеми на пример, тогаш е орен за револуција, но партнери нема, тие своите илузии за  револуции ги живеат во светлото на елцеде мониторот,  додека  Шел испумпува нафта, додека шпекулантите ја социјализираат загубата од берзанските баханалии, додека самите технологии што беа синоним за слобода се претвораат во својот антипод. Но, технологиите сами по себе не се ни добри ни лоши… не можам да се ослободам од мислата дека сепак некој зад мрежата размислува и диригира. Спротивоста би значела дека самиот човечки род е предодреден за самокастрација, што е дури пострашно од контролата на големиот брат или сестра. А парадоксот е во тоа што додека сите викаме по слобода од големото око кое гледа се, мнозинството од населението на планетава доброволно се потчинува на најголемиот апсолут, на оној бог од дебелите книги. Додека богот од силиконската долина е пред секого и секој се поклонува пред неговиот олтар барем неколку саати на ден.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s