Де-биологизација на Исус

Пред да почнат читателите на блогов да фрлаат по блогеров со дрва и камења за тоа како на блог кој се занимава претежно со наука, осамна името на Исус, да си се објаснам.

Тукушто привршувам со читање на книгава, и морам да признаам дека заслужува барем со еден пост да се одбележат идеите кои се во неа изнесени. Автор е холанѓанецот Пјер Кријболдер (1920 – 2004) кој завршил математика, работел како свештеник, за на крајот да се занимава со односи со јавноста. И тоа не случајно, затоа што ги проучувал моделите на однесување на луѓето, начинот на кој се создаваат митови (општа теорија на митологијата создадена од Клод Леви-Штраус), како и користењето на симболиката.

Кога низ призмата на претходно наведеното ќе се анализира новиот завет, се добива темата со која се занимава оваа книга. Пред читателот се соочени два различни света: грчкиот (западниот, логичкиот начин на рассудување) и источниот, еврејски поглед на настаните кој е симболичен. Расплеткувајќи ја симболиката на новиот завет, Пјер доаѓа до заклучоците дека:

– Исус не е историска личност, туку име на движење од кое настанало христијанството.

– Главниот гениј кој е одговорен за пишаната форма на евангелијата е (Симон) Петар.

– Движењето Исус настанало од фузија помеѓу две еврејски секти (Кумранската и таа на Есените)

и.т.н.

Овие нафрлени белешки се на долго и широко дискутирани во книгата која ја добив сосем случајно, и која за малку ќе завршеше во ѓубре (лош дизајн на корица, мислев дека е уште една книга со проповеди). Таа е прекрасен пример за употребата на логика и нови научни дисциплини во одгатнувањето на накои доста важни мистерии. Мислам дека тука е помалку важна интерпретацијата на новиот завет, а далеку повеќе се поважни откритијата поврзани со природата на човековиот вид, откритија кои следат откако ќе се заврши со анализата на „светите“ писма.

За оние кои нема да ја најдат книгата, или кои сакаат да знаат нешто повеќе, дополнителни информации се наоѓаат тука.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s