ДЕБАТА ЗА НАУКАТА

Инспирацијата да го „чкртнам“ постов дојде од еден пост напишан од Нино Распудиќ, во кој се третира писмо упатено од претставници на научната јавност во Хрватска. Имено, научните работници бараат од HRT (хрватската национална телевизија) емисијата „На работ (маргината, границата) на науката“ (Na rubu znanosti) од научна програма да ја рекласифицира во забавна програма. Образложението е дека емисијата третира теми кои се „псевдонаучни“, и како такви би можеле во јавноста да создадат погрешна претстава за самата природа на научната работа. Авторот на постот се спротиставува на ставот искажан во барањето на научниците, а повеќето од коментарите на постот се спротиставуваат на ставот на авторот. Лично, јас го поддржувам ставот на научниците (не е некое изненадување, нели :) ). Инаку, емисијата ја следам секогаш кога ќе можам и признавам дека е единствена од таков вид. Водителот е одлично подготвен, има интересни гости и отвара теми кои се во најмала рака провокативни. Мојата поддршка за ставот „pro scientia“ се основа на тоа што во најголем дел повиканите гости не се научници, како и на тоа дека научниот метод како таков не се пропагира, иако авторот се труди да задржи објективна позиција.

Но, она за кое што сакав да пишувам не е овој настан, туку нешто кое се однесува на македонските прилики. Имено, зошто вакви дебати нема во Македонија? Можеби затоа што нема вакви емисии. А, зошто нема вакви емисии? Дали е тоа затоа што нема кој да ги води онака како што треба? Дали е затоа што некој решил дека нема пазар за вакви емисии? Се сомневам, затоа што кога на пример Миленко Неделковски обработува слични теми, тие емисии се гледани. Значи, што е причината? Дали можеби кадрите по македонските факултети немаат време да бидат консултанти во вакви емисии? Или, не се нафаќаат самите да ги реализираат?

Проблемот не застанува тука. „На границата на науката“ во најголем дел не е научна емисија. А вистински научни емисии во Македонија не постојат. Не зборувам за емисии од образовна програма наменети за учениците (своевремено таква емисија одеше на МРТ и беше солидно презентирана од доц. д-р. Оливер Зајков од ПМФ, но веќе не се емитува – погодете и зошто немам линк до неа). Зборувам за популарни научни емисии наменети за пошироката јавност. Ако се водиме од пазарната логика, јасно е зошто во Македонија ниедна приватна телевизија нема да се нафати да продуцира ваков проект. Така, останува да се прашаме дали МРТ е во состојба тоа да го одработи. Конечно, МРТ е и законски обврзана да го стори тоа. Но, поради познатите состојби, тоа не се случува и којзнае дали во догледно време ќе се случи.

Ова е проблем, затоа што од лично искуство знам дека во Македонија постои публика за овие емисии. Мала, но истрајна публика. Помладите членови од таа публика се оние кои еден ден ќе соработуваат во меѓународни тимови во разни научни проекти. Ќе соработуваат ако им се даде можност да се образуваат, а понекогаш тоа не значи компјутер за секое дете или факултет во секој град. Масовно образование сеуште не значи и квалитетно образование. Понатаму, овие емисии би биле и еден вид информатор и промотор на „целоживотно учење“, посебно значајно за постарите кои не „висат“ на интернет по цел ден. И, конечно, тоа се емисии продуцирани во Македонија, на македонски јазик, процес кој ќе оспособи и многу уредници и новинари навистина да сфатат што е наука, а очигледен факт е дека македонските медиуми се дефицитарни и на тоа поле.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s