Врти до нула мозок…

Чудо едно како мултинационалките ем глумат локалци ем се прикажуваат како глобалци. Тоест, не е чудо, таква е играта, ама чудо е што се убедени дека им успева. Не гледам дека некој во Македонија се занимава со анализа на рекламите кои се пласираат, а да бидам искрен, покрај толку поподатни теми и толку „интересно“ секојдневие, брзо се губи енергија за тоа. Па, ете јас како „надворешен“ конец од македонската таписерија, ќе си дозволам да прокоментирам збор-два за најновите додатоци во рекламниот простор кој се нарачани од телеком гигантот Т-мобајл.

Врти за 0 денари. И вртат сите, во некој парк, бездруго се платени за тоа, и деца и возрасни, и среќно ги исфрлуваат розевите хула-хопи. Сработено добро, пристојна идеа, ама до толку ли мора да ги следат баш сите светски моди? Дали Македонија до толку е „среќен запад“ па токму ова е соодветната реклама? Треба да се има чувство за реалноста и рекламата да се прилагоди на тоа. Или, таа е само за „привилегираните“, оние врвни 10%, а другите ќе вртат… Не знам, може треба да им се рече на ваквите компании дека треба да го почитуваат културниот код на земјата, исто како што не може да одиш во Саудиска Арабија и да снимаш реклама во која има топлес актерки.

Втор рез. Момче решило да организира пикник. Телефонот е тука за да се исконтактираат пријателите, да се соберат. ОК. Македонски јапи. Зошто не можам да се оттргнам од впечатокот дека штом ќе се изгаснат камерите, момчето седнува до својот пријател, и го почнува филмот: „Се убив, се искршив од работа…“. „Земи бело, ќе те среди…“ – одговара пријателот. Ама, важно е дека има најнов пакет и дека врти за нула денари…

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s