ВО ЦЕНТАРОТ НА ГАЛАКСИЈАТА

Од насловот можете да заклучите што е темата на овој пост. Па, претпоставувам дека уште како деца очекуваме дека во центарот на нешто, постои некоја мистерија, нешто што принудува другите нешта да бидат околу, а она првото нешто да е центар. Центарот е значаен, центарот е… центар. Па, и во астрофизиката ако прашате било кој на пример што има во центарот на галаксиите, првата асоцијација ќе биде дека секако таму има нешто важно, нешто невообичаено, нешто опасно. Во центарот на нашиот сончев систем е Сонцето. Тоа за нас не е опасно, напротив. Но, што е со центарот на галаксијата? Уште кога ги препознавме другите галаксии дека се тоа што се – големи системи од гас, прашина, звезди и зрачење (и темна материја) на сите слики нивните центри се распознаваа во сите опсези на зрачење, од рендгенско до радио. Тогаш преовладуваше мислењето дека центрите се само густо збиени ѕвезди или ѕвездени јата. Потоа, беа откриени објекти како квазарите, кои зрачат навистина огромна енергија, а од нивните центри излегуваат млазеви од честички кои се движат со релативистички брзини. Се препозна дека квазарите се центри на галаксии, кои се наоѓаат многу далеку, а сепак се најсјајните објекти во космосот. Што би можело да биде нивниот извор на енергија? Теоретичарите се согласија дека тоа би морало да се супермасивни црни дупки, со маса која се мери во милиони сончеви маси. Тие си седат во центрите на овие активни галаксии, во нив паѓа гас или понекогаш дури и цели ѕвезди, а резултат е дека еден дел од таа маса е иззрачена во вид на енергија.

        Но, што е со нашата галаксија? Нејзиниот центар гледано од Земјата е во соѕвездието Стрелец. Навечер можеме да забележиме големи облаци од ѕвезди и прашина на тоа место во млечниот пат. Но, тоа значи и дека е многу тешко да се наблудува дури и со најголемите телескопи што точно се наоѓа во центарот. Астрономите му посветија на проучувањето на овој регион од галаксијата десетици години. Постепено, инструментите кои се користат стануваа се подобри и подобри, се набљудуваше во сите возможни браноови должини. Резултат? Па, потврдено е постоењето на супермасивна црна  дупка и во центарот на нашата галаксија. Како знаеме дека е таму кога црната дупка по дефиниција не емитува зрачење? Само погледнете го движењето на соседните ѕвезди околу неа. Тие знаат дека таа е таму… А ако еден ден облаци од гас започнат да паѓаат во неа, таа пак може да се активира. Тогаш, нашата галаксија ќе се претвори во квазар. Центарот на галаксијата е оддалечен од нашиот сончев систем околу 30 000 светлосни години. Кога такво сценарио би се остварило, тогаш во соѕвездието Стрелец би виделе многу сјаен извор на светлина. Би можело да се чита книга ноќе. Се разбира, тогаш ноќите не би биле ноќи какви што ги познаваме денес. А последиците од континуираното рендгенско и гама зрачење за Земјата и живиот свет на неа… па би рекол дека никој не знае со сигурност што точно би се случило.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s