ВО ИЛИ ВОН КОНТЕКСТ

Деновиве, еден од моите колеги ќе ја брани својата докторска дисертација. По потекло е од Израел. Овде во Холандија на мојот институт обичај е на почеток на тезата (која се печати како книга) да се стават кратки извадоци (една реченица) со најважните заклучоци од тезата, плус некои лични мисли кои немаат врска со излагањето. Колегата меѓу другото напишал (мој превод од англиски):

      „Израелците како народ ги исполнуваат сите кртериуми за да бидат сметани за нација, и израелски национален идентитет постои.“

     За мене ова беше чудно, бидејќи не знам дали некој го оспорува Израелскиот национален идентитет.

     Но, во контекст на мене како Македонец, се прашувам дали јас да ставам ваков цитат на почеток на мојата теза? Споредувајќи се со Израел, слична е Македонија според моментот на настанување на модерна држава, но дефинитивно е различна според она што се случило после, и според начинот на кој што се брани себеси, и каде некои македонци (со мало м) мислат дека да бидеш европеец значи да ја сфатиш демократијата крајно буквално (и да се правиш дека си најголем демократ, дури и кога демократски ти навруваат јамка на вратот и ти ги подриваат основните атрибути на државноста).

     Инаку, колегава се борел своевремено и против израелската окупација на палестина, е приговарач на совеста (а си ги отслужил своите 3 години во израелската армија), и е одличен научник. И не плука по она по кое нема потреба и логика да се плука.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s