БЕСПЛАТНО СТУДИРАЊЕ

ред некој ден низ цела Европа се протестираше против комерцијализацијата на високото образование. Во тој контекст, движењето Слободен Индекс во Македонија се обидува да ги мобилизира студентите да се поактивни. Особено бурни протести имаше во Хрватска годинава, а студентите таму се спремаат да ги продолжат. Барањата се високото образование да е целосно бесплатно.

     За разлика од Македонија каде дебатата најчесто се фокусира на тоа дали протестите се поддржани од некоја политичка партија (типично), во Хрватска се дебатира и за други теми. Имено, на дискусија на еден хрватски форум, забележав дека најголем приговор против бесплатните студии е тоа дека ќе се продуцираат „вечни“ студенти и дека школарините се средство за мотивација за што побрзо да се заврши факултетот.

     Јас би рекол дека тоа зависи од фактот која идеологија ви е доминантна во животот. За капиталистот секако дека школарината би била мотивација за да не се одолговлекува. Но, има еден друг момент кој никој не го дискутира. Дури и студирањето да е целосно бесплатно, тоа не значи дека студентот живее на грб на државата. Тој треба да јаде, плати сместување, итн. Тие трошоци ги добива од заеми или од родителите. Со тие примања живее крајно скромно. Па, ако некои студенти се спремни така да живеат со децении, нема проблем. Само што се сомневам дека нивниот број би бил голем. Оттука, апсурдно е да се вели дека бесплатното студирање би било прибежиште на „џаболебари“. Студентот може да си најде и работа, па така да ги плаќа останатите трошоци. На тој начин, тој пак е вклучен во пазарот на труд. А и во општество во кое се се плаќа, оние студенти кои ќе студираат пак се издржувани од дома, и тие се навистина „џаболебари“, затоа што ниту еден млад човек ги нема тие пари да плати толку високи школарини. Или пак, се стимулира задолжувањето кај младите кои потоа цел живот се „кметови“ на банките. Таа појава е многу нездрава и малку кој ја коментира.

     Од една издржана анализа (постов не е тоа) би се воочило дека бесплатното студирање е начинот на кој што треба да се студира. Секако, приватни факултети нека постојат, па нека имаат студентите избор.

     Во оваа ера на интернет, и достапност на информации, најважна е мотивацијата, идеата и креативноста. Човек кој ги има тие карактеристики би успеал секаде. Бесплатното студирање само би помогнало да ја крене општата свесност кај луѓето, и секако би им ја вратило  на универзитетите онаа вистинска улога: автономни и слободни места на размножување на идеи.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s