БЕГСТВО

Однекаде ветрец се буди,

и плови

над градот преполн со мисли

во главите луди,

каде секој со секого

скриено блуди.

Душо, да напуштиме се!

Надвор од ова место што наша колевка беше,

да побараме спокој во ѕвездената шир,

на небото,

таму да најдеме мир.

Кога ветерот косите ги мрси

во ноќите тивки,

и стаклото

на погледот му нуди

глетки на галаксии,

далечни и мистични во својата убост,

далеку сум сега

од сета таа лудост,

а чунот на разумот без грешка плови,

не поревајќи се,

нема страсти злови;

само мир и спокој

што раѓаат

мисли чисти, нови!

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s