БАЛ НА МАСКИ

Настојувам поретко да пишувам за политика, затоа што моите интереси се насочени кон повисоки сфери, но понекогаш нема бегање, и морам да си ги повторувам секогаш истите ставови. Пренесувам еден мој коментар од блогот на волан поврзан со вечната борба против нетолерантните наши комшии. Барем да се знае кои се моите ставови, оти ме мрзи да коментирам по текстовите на нашите дневни весници кои се чини одработуваат нечии агенди и си играат со оган.

     “Целава оваа рашомонијада со името на Македонија има прост извор. Тоа е фактот што после балканските војни, нашите денешни соседи (а и големите “сили”) кога ја делеа етничката и географската целина на Македонија, не беа доволно доблесни да го признаат постоењето на Македонскиот народ како посебен ентитет, и да му дозволат и нему да има удел во администрацијата со териториите кои Турција ги напушти. Македонскиот народ на тој начин ќе се стекнеше со државност и ќе имаше време да оформи институции и да се развива напоредно со другите. Тоа не се случи, па моравме да чекаме уште неколку децении за официјализирање на нашето право.

     Оттука, сосем нормално е дека оние кои учествувале во настаните нема да сакаат никакво ревидирање на тие процеси, туку заеднички ќе настојуваат она што го започнале пред стотина години да го доведат до за нив логичниот крај. Не им го спорам тоа право, имаат право да прават што сакаат, само не чини вината за состојбите да ја бараат кај оној кој се трудат да го убијат.

     Повеќе ме загрижува што ние Македонците сеуште сме поделени, а најбитно за нас е сега да сме единствени. Оваа поделеност може да граничи со нешто што наликува на потенцијална граѓанска војна ако навистина се согласат властите на преименување. Во секој случај, добивка ќе имаат само хиените кои настојуваат да скубнат од мршата.

     Во секојдневниот живот се дружам со Грци, и никој од оние кои ги имам сретнато нема проблем со името на Македонија. Навистина чудно, но мислам дека психолошката војна има земено голем замав.

     Што се однесува до тоа дали Грција има право на името Македонија, јас би рекол дека има, но да го користи како име на својата северна провинција. Сега нема да ја споменуваме историјата. Но, ако Грција инсистира на нешто што е апсурд, а тоа е да наметнува име на суверена држава, тогаш ќе напоменеме и тоа дека северната грчка провинција не била отсекогаш во рамките на Грција, и ќе напоменеме дека знаеме како е добиена. Исто така знаеме кои мерки се спроведуваа врз негрчкото население после обединувањето, мерки кои наведуваат на помислата дека не е се така како што официјална Атина постојано наведува.

     Што се однесува на антиката, нема потреба да се меша и тој период, затоа што балканските народи се и премногу измешани меѓу себе а и со дојденци, за да може било кој да изведува било какво заклучоци. Но, ако мора да се оди дотаму, јасно е дека Александар и Македонската кралска лоза не биле Грци. А за потеклото, зошто пак ретко се споменува дека модерната грчка нација е конструкт кој е само накалемен на антиката? Тоа што тие го официјализирале својот јазик на темелите на старогрчкиот не ги прави грци по автоматизам. Ние Макеонците во еден период сме го избрале словенскиот, па што? Апсурдно е да се тврди дека сите врски со антиката ексклузивно се пренесени на грчкиот народ.

     Еден од приговорите на Грците е и тој дека тие сметаат дека населението во северна грција треба да има ексклузивно право да се нарекува македонско. Па, нека решат. Или се Грци, или Македонци. Може и компромис, нека се викаат Јужни Македонци. Но, дека државата Македонија ќе го смени името заради тоа, е тоа е навистина безобразие да се очекува.

     Значи, сето ова можеше да се избегне ако во минатото соседите беа доволно доблесни и пружеа искрена шанса за започнување на заеднички живот. Оттука е јасно кој ја става главата во песок.

     Мои Македонци, ако се сомневате во сопствените сили, следете го примерот на Албанскиот народ кој во 1997 а и во 2001 година од далеку понеповолни позиции и во борба за наводно прекршени права не само што успеа да се избори за де јуре федерализација на нашата единствена татковина, туку создаде уште една држава, и тоа во 21 век, и тоа во Европа. Затоа, не велете дека нештата не се возможни. Прашање е само дали ќе се оди по линија на помал отпор или не.

     Сите коментари на Грци и Бугари по повод ова размислување нема воопшто да ги коментирам од причини кои верувам се јасни. Поздрав.”

     Некое време по пишувањето на овие реченици, прочитав интервју на Павле, во кое се изнесени речиси идентични ставови. Можам да заклучам само дека кога ќе се употреби логика се доаѓа до вистината…

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s