Аутовање на Македонија

Се замислив во последно време за теоријата на идентитети во обид да се приближам до и да се обидам да ги сфатам ставовите на „новиот бран“ во македонската интелектуала. Отприлика оди вака. Заборавете на исклучивоста на идентитетите. Тоа не е повеќе „ин“, не е во мода, и е концепт кој се напушта.

Новоста е дека сега оперираме со мулти-идентитети. Најактуелни се концептите за мултиетничност, мултикултурност, поливалентност, коегзистирање, претопување на идентитетот. Идентитетската матрица може да се трансформира и претопува. Идентитетот не е она најважното. Да, мислам дека разбирам.

Во тој контекст, еден човек може да биде татко, геј или (и) би. Жена може да е мајка, лезбејка (фем или буч), колешка, ма се. Да, мислам дека сега ми е појасно. Назадно е она општество кое не е вклучувачко за поливалентните идентитети.

Во новата Европа (на региони) може да си Европеец и Французин истовремено, Грк и Македонец и Европеец  истовремено, Албанец и Илир. Да, сега се ми е јасно.

Ама, не може да си САМО Македонец. Е тоа е проблемот. Македонија се аутова само како Македонија, исклучива е и не е за во модерно друштво. Ма, и ако се аутоваат Македонците и како Македонци и Европејци истовремено, пак не ги сакаме. Е, ако речат дека се само Европејци, тогаш ќе размислиме… Не бе, пак не може не се тогаш доволно мулти-идентитетски. Бед лак.

Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s