АСТРОНОМСКИ ДИСКОНТИНУИТЕТ

Јасно е тоа дека астрономите во Македонија никој не ги слуша, меѓу другото и затоа што се многу малку, и затоа што се како да речам а да не згрешам душа ;) …незаинтересирани. Не за волонтерската работа околу Кокино, туку наметнувањето на астрономијата во општеството треба да оди преку ПМФ, институционално. Тоа не е лесно во општество каде што и да направиш, некој може да ти се закани со отказ и каде нема сенс за тоа што значи универзитет и како тој треба да се бори… да не кажувам се, долго и широко ќе биде.Мака ми е што ние астрономите Македонци во странство изгледа нема никогаш назад да се вратиме заради тоа што ќе не истераат како непожелни елементи :)

Од мои контакти со професори понатаму во светот, можам само да кажам дека треба уште многу повеќе истражување за да се потврди што точно е Кокино во астрономска смисла. И во тој дел астрономите Mакедонски потфрлуваат. Нема соработка со странство, интердисциплинарно како се работело со археолозите не знам, се плашам дека секој си терал своја приказна.

Ама, нема ни кај да се жали човек за овие работи, длабоки се проблемите. Филсофски, појмовни, етички… од каде да почнам… се разбира некој што е научен метод? Како се истражува, кои се референци употребени, каде се публикувани наодите… кој бил независен рецензент… има ли независни тела во државата кај кои може да се критикува нешто ако не е како што треба? Има ли независни и влијателни медиуми кои можат да бидат коректив?

И најпосле, ама не најмалку важно. Дали народот Македонски е доволно научно образуван за да ги разбере аргументите кои се презентираат? Коментирав за ова и на друг блог. Ако 60% од луѓето навистина веруваат во Хари Потер, тешки езотерии, симболизми и масонерии, нив мноооогу лесно ќе им протнеш се. Кажи дека Кокино се користело како телепортациска точка на луѓето гуштери кои владеат на Замјата, и имаш инстант хит. Пробај да им објасниш на истите тие луѓе дека потребни се децении истражување за да се потврди некоја хипотеза како овие за Кокино, и веднаш ќе те заборават на маргините. Не е интересно, не е доволно брзо тоа и недоволно спектакуларно.

Паскал се трудеше да помогне, други се трудеа, ама ако темел нема, кој е крив за неуспехот? И понатаму се руши она што беше солидно природонаучно образование, се воведува веронаука (наука ви се молам), непотизмот и партиите владеат наместо објективноста. Ако се чита меѓу овие редови, таму некаде е причината и за фарсата и за многу други работи.
Advertisements

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s