Нова свест?

Конечно почна. Ќе расправаме дали требаше толку да се чека или не, но сега е важно дека после толку години чекање, младите во Македонија конечно се осмелија да излезат и да кажат што мислат и тоа во поголем број, во повеќе градови во државата. Иронично е тоа што можеби кон сево ова свој придонес даде и вулгарната предизборна кампања, па можеби се чекаше само повод да се излезе и да се исфрли на улица незадоволството од тоа да бидеш третиран како не-мислечка стока. Жално е што требаше смрт да ги мотивира луѓето, ама докажано е дека тоа е најсилниот мотиватор. Дури и паролите се соодветни на тоа (можеш да бидеш и ти). Убиениот човек нема да се врати, ама можеби може да му се оддаде соодветна почит ако реакцијата на ова убиство послужи за да се праша и да се најде одговор за сите забошотувања на одговорноста и злоупотреба на службената должност на сите оние на кои им е доверена јавна служба во Македонија во последните 30 години.

Листа на сите познати злоупотреби можеби и ќе биде составена; таа би можела да вклучува атентати, „несреќни“ случаи, коруптивни однесувања, неисполнување на законски пропишани норми од заштита при работа, лекарски неетичности и „грешки“, и.т.н.

И токму тука ми е поентата, дека тековните протести би требало да испорачаат конкретни барања за одговорност од страна на МВР за нивниот обид за прикривање на фактите, но исто така и да се обидат да ја начнат темата за расипаниот колективен систем на одговорност во Македонија. Конечно да започнеме да зборуваме за работи кои сите ги знаат. Краток осврт:

Сите знаат дека во професиите кои се занимаваат со општествено одговорни работи правилниците се она кое што се почитува само второстепено. Првостепена е верноста кон колегите и покривање на „газот на колективот“.

Сите знаат дека лица со досие се „преработуваат“ во полициските структури, а потоа стануваат обезбедувачи на партии, или во приватни компании. Пријателствата кои се оформиле помеѓу нив продолжуваат и понатаму кај и да се, па имаме буквално паравојски на терен чии што лојалности се наоѓаат којзнае каде.

Најчесто обезбедувачите и возачите ги знаат највалканите тајни на своите шефови, па оттука е дискутабилно кој навистина владее со една држава.

Сите знаат дека и универзитетот не е имун на овие инфекции. Автономија не постои во реалноста, и овие протести се одлична можност да се даде гласност и на тоа прашање.

Сите знаат дека студентите живеат во кочини и дека досега не се бунеа.

Изгледа протестите се можност да се даде гласност на тоа колку веруваме дека општеството во кое живееме е ОК, да се постават темелите на некое движење кон подобро. Никулци постојат, организации постојат, но се прашувам дали воопшто се и потребни. Според искуството, организациите ретко кога нешто решиле. Познатата фраза дека ако сакаш нешто да забошотиш прво што треба да направиш е да формираш комитет не е далеку од вистината.

Ако социјалните мрежи се толку ефикасни, а Македонија е умрежена, зошто да не се гласа во иднина онлајн? Би се заштедиле пари. Зошто за секое поважно прашање да нема референдум онлајн? Тогаш ќе треба да се има и одговорна и образувана популација, и тогаш нема да може да се импровизира…

Патем, Македонија е испромовирана насекаде по светот за ич пари со просто ретвитување и поставување на содржини токму како оваа која ја читате.

Толку. Коцката е фрлена, да видиме колку ке оствариме 🙂

Advertisements

3 responses to “Нова свест?

  1. WoW…! FALA druze na iscrpniot i poddrzuvacki tekst, koj i da si…!
    FALA im na site za doverbata vo mladinata!

    POZDRAV

  2. 6ka na trapezohedron, vaznata vistina i se sto se pisuva, sekogas imame prasanja, nikogas da ne zavrsat 🙂

    btw podrska yup

  3. Духовно сум на протест, ако веќе не сум во МК за да учествувам, можам барем нешто да напишам.

    Поентата ми е дека и откако ќе се добие задоволување на тековниве барања, мора да се искористи залетот за поставување и на поголемите прашања. Поздрав.

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s