ЗАВИСНИЦИ

Како можете да ги обвинувате вашите деца? Како можете да ги прашувате зошто и да делите било какви совети? Изборот кој што го имаат тие во оваа земја е многу мал. Ако се родени со силна желба за независност, или така се одгојат, а случајно немаат пари за реализација на соништата, што тогаш? Ќе се борат, и ќе се борат… И кога ќе видат дека се е наместено, дека зад секој конкурс за стипендија дома лежи корупција, а надвор никој не ги сака оти „големите“ и „возрасните“ се погрижиле никој да не ги сака, тогаш ќе станат зависници. Нивниот дух е изморен, знаат што сакаат, но затворени се и ограничени од сили кои што се надвор од нивна контрола. И се откажуваат од нешто што им било многу важно. Благодарение на фактот што ова го пишувам во ерата по снимањето на филмот „Матрицата’, можам да направам споредба разбирлива за повеќето. Од Нео се претвораат во батерии. Па, мора да го направат првиот од многуте лоши компромиси и да се потчинат на просекот. Така се станува зависник. Се пополнува празнината издлабена од компромисите. Се пополнува со алкохол (не можам без чашка), дроги (ми треба доза), кафе, изгубеност во масата само за да се побегне од мислите, деца (не можам да живеам без нив; тие се целиот мој свет – колку здрав однос!), површни врски, итн.
Со ова пишување ги опфаќам страсниците од било која возраст, иако започнав со помладите. Не оние кои што се родиле и кои биле воспитани да бидат батерии за машината и шрафови во неа.
Сум гледал милион емисии за зависниците, најчести се оние за зависниците од дроги (тие најповеќе му сметаат на општеството, затоа што зависникот од дрога е најнеспособен за работа; не е добра батерија, празен е. Алкохоличарот сеуште „држи“ полнеж и користи се до неговиот крај). Загрижените експерти кршат прсти и од дрвата не ја гледаат шумата. Секогаш ги лечат последиците, а не причините. Не ме изненадуваат тие; само се трудат да поправат некоја батерија… Доцна е за нив. Не можат да се постават на местото на нивните пациенти. Полната батерија не и верува на празната. Најпаметните работи сум ги слушнал од бивши зависници. Работи кои што личат на ова писание, и забележувања дека 80% од наркоманите на пример сде натпросечно интелигентни. Само што тоа за нив е проклетство.
Се наметнува решението дека еднинствен спас на крајот е отворањето на срцето кон Бог (кој како и да го сфаќа овој поим, а има многу различни форми и толкувања). Само така може здраво да се надминат илузиите. Но, што ако и тоа е еден вид на зависност? Одговорот на ова прашање зависи од ониј кој што го чита овој текст. И од никој друг.
Advertisements

One response to “ЗАВИСНИЦИ

Your thoughts

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s